Кочија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хансомка со кочијаш, Лондон, 1900-тите
Резбана, сликана и позлатена кочија за крунисување на Катерина Велика (Ермитаж)

Класичната дефиниција за кочија е возило со коњска влеча за приватни лица со полуелиптична амортизација (елиптични пружини во 19 век) или кожни ремени за амортизација кои можат да бидат лесни брзи и практични или пак големи и удобни.

Влечно возило без пружини се нарекува кола.

Историја на кочиите[уреди | уреди извор]

Во средниот век сите патници или оделе или јавале, освен старите и немошните. Патот со грубите коли не бил лесен. Затворените кочии почнале да се користат од аристократијата во 16 век. Во 1601 во Англија за кратко време дури и постоел закон во кој се забранува мажи да се возат во кочии, бидејќи тоа се сметало за женствено. Возила со подобра амортизација се појавиле во 17 век. Нови, полесни возила со модерен изглед иу засебни називи се впуштиле во меѓусебна конкуренција кон средината на 18 век. Изработувачите на кочии соработувале со резбари и позлатувачи, сликари и лакери како и со глазери и тапацири за изработка на лесни, брзи и удобни возила за забава и покажување.

Кај британските и француските кочии, кочијашот седел на издигнато седиште напред. Во Шпанија пак, кочијашите ги јавале коњите.

Од 1860-тите богатите престанале да ги користат кочиите за долги патишта: купе од прва класа била брза и современа алтернатива. Потоа, во 1890-тите, како што автомобилите почнале да се користат, кочијаштвото станал спорт за високите класи во Британија и Америка каде богатите луќе се тркале со големи кочии кои обично би биле возени од кочијаши.

Типови на кочии[уреди | уреди извор]

Постоеле голем број на видови на кочии. Кон средината на 18 век имало повеќе од 325 вида. Веќе на почетокот на 19 век кочиите се бирале не само по нивните перформанси и пратична употреба, туку и како статусни симболи кои се менуваат со модата. Еве некои видови:

Кралски кочии[уреди | уреди извор]

Збирки на кочии[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Sallie Walrond, Looking at Carriages
  • Arthur Ingram, Horse Drawn Vehicles since 1760 in Colour, Blanford Press 1977.