Бајрампаша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бајрампаша
Област
Местоположба во Истанбул
Местоположба во Истанбул
ЗемјаТурција
ГрадИстанбул
Управа
 • ГрадоначалникАтила Ајдинер
 • УправителАбдулкадир Јазиџи
Површина[1]
 • District6,98 км2 (269 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001700000017 м
Население (2012)[2]
 • Градскo269.774
 • District269.774
 • District густина390/км2 (1,000/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Повик. бр.0-212
Мреж. местоbayrampasa.bel.tr bayrampasa.gov.tr

Бајрампаша — приградска област на Истанбул, Турција на европската страна на градот. Областа се состои од станбени и индустриски области од работничката класа. Населението е 240.000 (1997), а областа опфаќа површина од 8 km2 (3.1 sq mi). Градоначалник е Атила Ајдинер (АКП). Областа била дел од округот Фатих до 1936 и Ејуп помеѓу 1936 и 1990 година. Поранешниот назив на Бајрампаша бил „Сагмалџилар“ до 1960-тите. Негови соседи се Газиосманпаша од север, Ејуп од исток, Зејтинбурну од југ и Есенлер од запад.

Луѓето во Бајрампаша се главно Албанци и Бошњаци. Домовите во Бајрампаша се генерално со лош квалитет и има работилници и мали фабрики, дури и во станбените улици, додека поголемите области во областа се чисто индустриски.

Постојат голем број важни јавни згради во областа: најголемиот затвор во Истанбул (кој сега е во мирување); два големи спортски комплекси; главната автобуска станица (која всушност е во Бајрампаша иако се нарекува автобуска станица Есенлер).

Областа била позната како Сагмалџилар до 1970 година, кога големата епидемија на колера, предизвикана од загадувањето на водоснабдувањето довело до тоа да биде ставена во карантин. По овој инцидент, името на населбата станало синоним за колера, така што областа била преименувана во Бајрампаша, според османлискиот везир од 17 век, Бајрам-Паша. Дел од отоманскиот систем за водоснабдување, кој го изградил Мимар Синан, се задржал до денес.

Локалниот фудбалски тим со седиште во округот се вика Бајрампашаспор.

На 1 декември 2015 година, се случила експлозија во близина на станицата Бајрампаша, оставајќи неколку повредени[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
  2. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
  3. „Istanbul metro blast 'causes injuries' - Turkey media“. BBC News. 1 December 2015. Посетено на 1 December 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]