Амасија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амасија
Град
Amasya evleri ve Yeşilırmak.jpg
ЗемјаТурција
ПровинцијаАмасија
Управа
 • ГрадоначалникМехмет Сари (ПНД)
Површина[1]
 • District1.729,69 км2 (66,784 ми2)
Население (2012)[2]
 • Градскo91.874
 • Област133.133
 • Област густина0,77/км2 (2,0/ми2)
Мреж. местоwww.amasya.gov.tr

Амасија (грчки: Ἀμάσεια) — град во северна Турција и е главен град на провинцијата Амасија, во регионот на Црното Море. Токат сер наоѓа на исток, Јозгат на југ, Чорум од запад, Самсун на север.

Градот Амасија или Амасеија,[3] се наоѓа во планините над Црното Море, издвојувајќи го од остатокот од Анадолија во тесна долина по должината на бреговите на реката Ешилирмак. Иако градот е во близиина на Црно Море, оваа област е високо над крајбрежјето и има внатрешна клима, добро прилагодена за одгледување јаболка, по која е позната провинцијата Амасија, една од провинциите во северо-централна Анадолија. Во овој град се родил географот Страбон и научникот и лекар од 15 век Амирдовлат Амасијаци. Градот има историја од 7.500 години со траги кои се видливи до денес.

Во антиката, Амасеја бил утврден град високо на карпите над реката. Има долга историја како богат провинциски главен град, од кој потекнуваат и многу кралеви и принцови, уметници, научници, поети и мислители, од кралевите на Понт, преку Страбон, до многу генерации на османлиската царска династија. Со своите дрвени куќи во османлискиот период и гробниците на кралите на Понт, врежани во карпите, Амасија е привлечна за посетителите. Во последниве години има многу инвестиции во туризмот и затоа повеќе странски и турски туристи го посетуваат градот.

За време на раното османлиско владеење било вообичаено младите османлиски принцови да бидат испраќани во Амасија за да управуваат и да стекнуваат искуство. Амасија бил родно место и на османлиските султани Мурад I и Селим I . Поради тоа градот е од големо значење во однос на османлиската историја. Обновени се традиционалните османлиски куќи во близина на реката и другите главни историски градби; овие традиционални куќи на Јалибују сега се користат како кафулиња, ресторани, пабови и хотели. Зад османлиските дрвени куќи може да се видат карпести гробници на понтиските кралеви.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Амасија и Јешилирмак
Антички понтиски гробници на планина

Според Страбон, грчкото име Ἀμάσεια потекнува од Амасис, кралицата на Амазонките, за кои се вели дека живееле тука. Името се променило во текот на историјата: Ἀμάσεια, Amaseia, Amassia и Amasia се користеле и се наоѓаат на античките грчки и римски монети.

Историја[уреди | уреди извор]

Страбон бил грчки географ, филозоф и историчар од Амасија.

Антиката[уреди | уреди извор]

Археолошките истражувања покажуваат дека Амасија најпрво била населена од Хетитите, а потоа од страна на Фриги, Кимеријанци, Лидијци, Грци, Персијци и Ерменци .

Хеленистички период[уреди | уреди извор]

Независното понтиско кралство со главен град Амасеја било основано од страна на персиската династија Митридатич на крајот на 4 век п.н.е., во екот на освојувањата на Александар . Во 1 век п.н.е., таа накратко ја оспорила хегемонијата на Рим во Анадолија. До 183 година п.н.е., градот бил населен од хеленистички луѓе, за на крајот да стане главен град на кралевите на Понт од 333 година п.н.е. до 26 г. п.н.е. Денес има истакнати урнатини, вклучувајќи ги и кралските гробници на Понт во карпите над брегот на реката во центарот на градот. Античка област во североисточна Анадолија, граничи со Црното Море.

Римско-византиски период[уреди | уреди извор]

Византиска гробница во археолошкиот музеј во Амасија

Амасеја била освоена од силите предводени од Роман Лукул во 70 година и брзо станал административен центар на својата нова провинција Витинија и Понт. Во тоа време, Амасеја била просперитетен град, дом на мислители, писатели и поети, а еден од нив, Страбон, оставил целосен опис на Амасеја. Околу 2 или 3 година п.н.е., таа била вклучена во римската провинција Галатија. Околу 112 година, царот Трајан го вклучил како дел од покраината Кападокија .[4][5] Подоцна во 2 век градот ги стекнал титулите „метропола“ и „прв град“. По поделбата на Римското царство од страна на Диоклецијан, градот станал дел од Источното римско царство ( Византија). Во тоа време имало претежно грчко население.

За Амасеја се споменувало и во првата книга на Алексиадот . Амасеја била град каде што царот Алексиј I Комнин го примил странскиот генерал Урсел како заробеник од турскиот генерал Тутах. Според книгата, Урсел ги ограбувал источните покраини на Византија сè додека тогашниот генерал Алексиј не го убедил Тутах да го фати. Алексиј се согласил дека ќе плати „... толкава сума на пари каква што никој досега не стекнал“. Сепак Алексиј немал пари да даде и не бил во можност да ги финансира, па се обидел да собере пари од народот на Амасија, но тоа предизвикало сериозни немири. Меѓутоа, по говорот на Алексиј луѓето започнале да донираат средства.[6]

Свети Теодор Амасејски (починал до 319 година), воин светец и локалниот епископ Астериј (починал околу 410 г.), се значајни христијански фигури од тој период.

Во 2013 година бил откриен христијански мозаик од 24 метри квадратни што припаѓал на подот на капела. На мозаикот се прикажани јаболка, јаболкница, еребици и многу геометриски фигури.[7]

Рани турски владетели[уреди | уреди извор]

Османлиски куќи (преден план) и античка гробница (позадина, лево) во Амасија
Пример за османлиска архитектура во Амасија

Во 1075 година, ставајќи крај на 700-годишното византиско владеење, Амасија била освоена од турците Данишменди. градот служел како нивна престолнина сè до анексијата од страна на селџучкиот владетел Килиџ Арслан II. Кога умрел, неговото царство било поделено меѓу неговите синови, а Амасија преминала на Низам ад-Дин Аргун Шах . Неговото владеење вило кратко, бидејќи го загубил од неговиот брат Рукн ад-Дин Сулејман Шах, кој подоцна станал султан. Во текот на XIII век градот поминал под контрола на монголскиот Илханат, и бил управуван од монголски гувернери, освен краткото владеење од Таџ ад-Дин Алтинташ, син на последниот селџучки султан, Месуд II.

Под Селџуците и Илханатот, градот станал центар на исламската култура и произвел некои забележителни поединци, како калиграфот Јакут ел-Мустаисими (1221-1298) и секретарот на последниот аасидски калиф, кој имал грчко потекло бил роден во Амасија.[8] Училишта, џамии, гробници и друга архитектура од овој период сè уште постојат. 

Во 1341 година, емирот Хабилоглу го окупирал градот, пред тој да стане под власта на еренитскиот емират. Хаџи Шагелди Паша ја освоил Амасија од Еретнидите под водство на Али-бег. Шагелди го наследил неговиот син Ахмед, кој успеал да ја задржи својата автономија за некое време, со османлиска помош; но во 1391/92 година, се поголемиот притисок го принудило да му го отстапи градот на османлискиот султан Бајазит I, кој го поставиl неговиот син, идниот Мехмед I, за негов гувернер.[9]

Османлиски период[уреди | уреди извор]

Mosамија на Бајазит Втори.

По катастрофалната битка во Анкара во 1402 година, Мехмед I избегал во Амасија, која (заедно со блискиот Токат ) станала негова главна резиденција и упориште за време на Отоманскиот Интеррегнум .[10]

Како резултат на тоа, градот уживал посебен статус под водство на Османлиите. Голем број османлиски кнезови биле испраќани во провинцијата Амасија како гувернери во својата младост, од Мехмед II кон крајот на 14 век до Бајазит II во 15 век, па сè до Мурат III во 16 век.

Сулејман Величествениот често престојувал во градот, па дури и таму го примил амбасадорот на Хабсбуршката Монархија. Амасија „стана едно од главните места за учење во Анадолија“.

Помеѓу 1530 и 1545 година, неколку патници документирале крвава клевета против некои од Евреите во градот.[11] По исчезнувањето на еден локален христијанин, неколку Евреи кои живееле во градот биле обвинети дека го убиле од ритуални причини. Евреите признале под тортура и биле обесени. Кога било откриено дека претпоставената жртва е сè уште жива, султанот Сулејман Величествениот наредил сите обвинувања во врска со верските ритуали да бидат судени во „султански“, а не во локален суд. Во 1555 година, Амасија била и место каде бил потпишан договор со династијата Сафавиди од Персија.

Населението на Амасија во ова време било многу поразлично од она на повеќето други градови во Отоманското Царство, бидејќи бил дел од нивната обука за идните султани. Секој милет бил претставен во Амасија во одредено село - како грчко село, ерменско село, босанско село, татарско село, турско село итн.

Медреса во Амасија

Кон крајот на 19 век, градот имал 25.000–30.000 жители, претежно Турци, но исто така и некои Ерменци.

Прва светска војна и Турската војна за независност[уреди | уреди извор]

Музеј и конгресен центар на војната за независност
Мост Амасија

Во 1919 година, Амасија била локацијата на последните состаноци што ги одржал Мустафа Кемал Ататурк за изградба на турска армија за воспоставување на турската република по распадот на Отоманската империја на крајот на Првата светска војна. Овде Мустафа Кемал го објавил соопштението за Турската војна за независност. Овој циркулар се смета за прв пишан документ што ја става во движење Турската војна за независност. Со циркулацијата, дистрибуирана низ Анадолија, се прогласила независноста и интегритетот на Турција и се повикало на одржување на национална конференција во Сивас (Конгрес на Сивас), а пред тоа и подготвителен конгрес составен од претставници од источните провинции Анадолија. во Ерзурум во јули ( Конгрес на Ерзурум ).

За време на Првата светска војна и Турската војна за независност, христијанските жители на Амасија (ерменски и грчки) страдале од злосторства. Многу ерменски цивили кои бегале од нападите, се засолниле во американското мисионерско училиште Анадолија, кое се наоѓало во Мерзифон во близина на Амасија. Во 1921 година, турските трупи го затвориле училиштето, а локалното население се преселило во Солун по размената на население меѓу Грција и Турција .[12] Исто така, во 1921 година имало и судења во Амасија, кои биле специјални ад хок судења, организирани од Турското национално движење, со цел да се убијат грчките претставници на регионот Понт под законски изговор.[13]

Саат-кула на Амасија

Клима[уреди | уреди извор]

Амасија има топла средоземна клима (АДС) според Кепенова класификација на климата и топла океанска клима (DOA), под Тревартиката класификација. Исто така, во Амасија е потопло од централна Анадолија, а времето не му е толку студено во зимските месеци. Има преодна клима помеѓу океанската клима на Црното Море и континенталната и средоземната клима. Сепак, оваа тесна долина предизвикува Амасија да има умерена клима. Овој ефект се должи на реката Јешилирмак која ја ублажува нејзината клима.

Климатски податоци за Амасија (1950 - 2014)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 21.3
(70.3)
24.8
(76.6)
31.2
(88.2)
35.8
(96.4)
37.5
(99.5)
41.8
(107.2)
45.0
(113)
42.2
(108)
40.3
(104.5)
36.0
(96.8)
29.7
(85.5)
22.9
(73.2)
45
(113)
Прос. висока °C (°F) 6.9
(44.4)
9.5
(49.1)
14.4
(57.9)
20.2
(68.4)
24.9
(76.8)
28.6
(83.5)
31.0
(87.8)
31.3
(88.3)
27.6
(81.7)
21.7
(71.1)
14.4
(57.9)
8.7
(47.7)
19.93
(67.88)
Сред. дневна °C (°F) 2.7
(36.9)
4.5
(40.1)
8.4
(47.1)
13.6
(56.5)
17.9
(64.2)
21.6
(70.9)
24.1
(75.4)
24.0
(75.2)
20.0
(68)
14.6
(58.3)
8.6
(47.5)
4.7
(40.5)
13.73
(56.72)
Прос. ниска °C (°F) −0.9
(30.4)
0.1
(32.2)
3.0
(37.4)
7.2
(45)
11.0
(51.8)
14.3
(57.7)
16.6
(61.9)
16.5
(61.7)
12.7
(54.9)
8.5
(47.3)
3.8
(38.8)
1.2
(34.2)
7.83
(46.11)
Најниска забележана °C (°F) −21.0
(−5.8)
−20.4
(−4.7)
−15.3
(4.5)
−5.1
(22.8)
−0.1
(31.8)
4.8
(40.6)
8.5
(47.3)
8.8
(47.8)
3.0
(37.4)
−2.9
(26.8)
−9.5
(14.9)
−12.7
(9.1)
−21
(−5.8)
Прос. врнежи мм (ин) 48.4
(1.906)
38.0
(1.496)
46.6
(1.835)
56.8
(2.236)
51.4
(2.024)
36.9
(1.453)
14.9
(0.587)
9.1
(0.358)
20.6
(0.811)
35.7
(1.406)
45.2
(1.78)
55.4
(2.181)
459
(18.073)
Прос. бр. врнежливи денови 12.1 11.0 12.5 13.3 12.7 8.7 3.3 2.6 4.8 8.0 9.5 12.6 111.1
Сред. бр. сончеви часови дневно 2.1 3.1 4.3 5.5 7.3 9.0 9.5 9.2 7.4 5.6 3.1 2.6 5.72
Извор: Turkish State Meteorological Service[14]

Амасија денес[уреди | уреди извор]

Провинцијата Амасија е позната по производство на висококвалитетни, мали вкусни јаболки. Регионот Амасија-Токат е главната област на производство. Во градот не е толку развиена индустријата, но е привлечен и добро сочуван, особено кога посетителите седат покрај реката, која има посебна мистика во зимскиот период, кога маглата ја исполнува долината. Туристите (и војниците од локалната база) придонесуваат со скапоцени приходи за дуќанџиите. Железничката линија од Сивас до Самсун поминува низ Амасија и таму е привлечна железничка станица од времето на османлискиот период.

Градот Амасија има одреден ноќен живот, главно барови и кафулиња за посетители и неколку основни ресторани. Не е многу конзервативен град, за разлика од другите градови во централна и источна Анадолија. Социјалниот живот во овој град, делумно заради туризмот, станува поанимиран, особено за време на летниот период. Многу меѓународни циркуски групи го посетуваат овој град. За тоа време, 12 јуни е датум на фестивал за Амасија, со многу културни и спортски активности кои се нудат.

Локалната кујна го вклучува локален специјалитет toyga çorbası, супа која содржи јогурт. Други специјалитети вклучуваат колачи со афион и чај, служени од брегот на реката.

Во областа има аеродром, отворен за цивилни летови од 2008 година. Претходно, се користел само за воени цели. Секојдневно има едночасовни летови од и до Истанбул .

Панорама на Амасија

Туризам[уреди | уреди извор]

Музеј на Османлискиот Принц (шехзаде)
Внатрешноста на Музејот на Принцот
Тврдината во Амасија

Туризмот постојано се зголемува. Во 2011 година имало 500 000 туристи, 11 000 странски; во 2012 година, 600 000, 22 000 странски; во 2013 година, вкупно 750 000; За 2014 година биле предвидени 1 милион. Странските туристи се претежно Германци и источноазијци, особено од Јапонија и Јужна Кореја. Како последица на тоа, многу хотели, особено бутици, се отвораат. Многу традиционални отомански дрвени куќи се обновени и сега се користат како бутик хотели, кафулиња, барови.

Урнатините на тврдината на карпестото лице на раскрилните засолништа стари 2000-годишни водни канали, мостови стари 1000 години, душевна болница, османлиски кралеви, придонесуваат многу за привлечноста на градот. Ноќе, кога ќе бидат осветлени, погледот е незаборавен. Палатата и таен подземен премин се исто така популарни. На карпестите лица има импресивни карпести гробници. Градот исто така има многу историски и архитектонски скапоцени градби; водниот канал Ферхат, џамијата Селџук Бурмали од 13 век, џамијата и комплексот Јилдирим Бајазит во 15 век; менталната болница Илханли Бимархане од XIV век, извонредната Капи-ага Медреса (теолошко училиште), мавзолејот Торумтеј итн. Постојат традиционални турски дворци кои се добро сочувани, покажувајќи ги најдобрите примери на турската архитектура . Замокот Хазеранлар во 19 век бил обновен совршено и сега е од голем интерес со уметничка галерија на првиот кат и етнографски музеј на вториот. Археолошкиот музеј на Амасија има интересна колекција.

Економија[уреди | уреди извор]

Археолошки музеј Амасија

Долината структура на регионот и оваа долина структура обезбедува умерена клима за многу овошје. Другите економски активности во регионот вклучуваат рударство, производство на текстил и цемент. Поголемиот дел од градската економија доаѓа од земјоделството и земјоделските производи, исто така, зелените производи и производството на овошје се исто така важни приходи за економијата на Амасија. Селата имаат економски концентрирани односи со областите на Амасија. Во последниве години, производството на електрична машина и апарати за домаќинство, машини за алгикултура и дрво, текстилна и прехранбена индустрија биле развиени во областа Мерзифон во Амасија.

Земјоделските производи во градот претежно се состојат од производи како јаболко, цреша, бамја, кромид, афион, леќа, грав и праска. Покрај тоа, агро-заснованите индустрии имаат важно место за локалната економија. Сахароза, млечни производи, јајце, сончогледово масло, провандер, брашно, квасец се главните индустрии во Амасија; индустриските производи се релативно ограничени. Најголемите индустрии се вар, тула, мермер, кујнски алат, мебел, јаглен од лигнит, метални и пластични индустриски производи. Овие производи се тргуваат домашно и се извезуваат. Извозот на мермер е значителен за градската економија. Амасија е втор град во земјата по извоз на мермер. Покрај тоа, Амасија е под просекот на земјата што работи во индустријата за вработување.

Универзитетот Амасија е основан во 2006 година (пред да се поврзе со Универзитетот Самсун на 19 мај).

Амасија е град кој го поврзува пристаништето Самсун со внатрешните региони на земјата. Аеродромот Амасија-Мерзифон е отворен во 2008 година. Во врска со тоа, културниот туризам постигнал значително место. Амасија е почетна точка на црноморските тури во рамките на земјата. Тури во Кападокија го опфаќаат и градот Амасија. Министерството за култура и туризам утврдил 15 градови, што е заштитен знак во градовите низ земјата, вклучително и Амасија. Овие случувања, исто така, влијаат позитивно на економијата на градот затоа што туризмот предизвикува други сектори.

Население[уреди | уреди извор]

Во 2012 година постојаното население на градот било 91 874. Стапката на наталитет во Амасија е ниска, така што неговото население се зголемува бавно. Населението варира сезонски, повеќето луѓе се тука за време на летната туристичка сезона.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
  2. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
  3. "Amasya" in The New Encyclopædia Britannica. Chicago: Encyclopædia Britannica Inc., 15th edn., 1992, Vol. 1, p. 313.
  4. Strabo Geographica, (12.561).
  5. Mitchell, Stephen (1996), „Amaseia“, Во Hornblower, Simon; Spawforth, Anthony (уред.), Oxford Classical Dictionary (изд. 3rd.), Oxford: Oxford University Press, ISBN 978-0-19-521693-6
  6. „The Alexiad, translated by Elizabeth A. S. Dawes | Anna Comnena; Dawes, Elizabeth A. S. (trans.) | download“. b-ok.cc.
  7. „1,800-year-old mosaic reveals symbol of Black Sea province“. hurriyetdailynews. 21 July 2020. Посетено на 21 July 2020.
  8. Houtsma, M. Th (1987). E.J. Brill's First Encyclopaedia of Islam 1913-1936, Volume 1. BRILL. стр. 1154. ISBN 9789004082656. YAKUT al-MUSTA'SIMI, Djamal al-DIn Auu 'l-Madjd ... some say he was a Greek from Amasia; he was probably carried off on a razzia while still very young. He was a eunuch.
  9. Kastritsis, Dimitris (2007). The Sons of Bayezid: Empire Building and Representation in the Ottoman Civil War of 1402-13. BRILL. стр. 65. ISBN 978-90-04-15836-8.
  10. Kastritsis, Dimitris (2007). The Sons of Bayezid: Empire Building and Representation in the Ottoman Civil War of 1402-13. BRILL. стр. 63ff. ISBN 978-90-04-15836-8.
  11. „AMASIA, AMASIEH - JewishEncyclopedia.com“. jewishencyclopedia.com. Посетено на 2017-12-02.
  12. Carl C. Compton (2008), The Morning Cometh: 45 Years with Anatolia College, pp. 88-98.
  13. Hofmann, p. 208
  14. „Meteoroloji“ (турски). Посетено на 8 јануари 2016.

Извори и надворешни врски[уреди | уреди извор]