Трговиште
Трговиште, пазариште или пазар — посебно одвоен и уреден простор наменет за трговија со прехранбени (овошје, зеленчук и риба) и непрехранбени производи.
Име
[уреди | уреди извор]Трговиште доаѓа од македонскиот збор „тргува“, а пазариште и пазар се турцизми.
Општо
[уреди | уреди извор]Трговиштето може да биде покриен или отворен простор со тезги на кои се изложуваат стоки за продажба. Во зависност од видот на продадената стока, тезгите се опремени со вага, каси и означени цени на производите.
На пазарите, за разлика од другите продавници и трговски куќи, дозволено е пазарење меѓу купувачот и продавачот за што поповолна цена.
Видови тржишта
[уреди | уреди извор]Зелен пазар
[уреди | уреди извор]Зелениот пазар главно е наменет за трговија со зеленчук и овошје, млечни производи, месо, месни производи, јајца, лековити билки и други прехранбени производи за кои продавачот има дозвола за трговија.
Рибен пазар
[уреди | уреди извор]Рибарницата е наменета за трговија со риби, школки и други морски и слатководни организми.
Болвак
[уреди | уреди извор]Болвак е пазар наменет за продажба на сè и сешто. На бит-пазарите можете да најдете половни стоки како автоделови, користена облека и чевли, техничка стока и други.
Болваците нудат и нови стоки, како облека и обувки, техничка стока, но и домашни миленици, музички ЦД-а и сè останато. Многу често на болвините пазари може да се најде стока која не треба да се пушта во промет, бидејќи се работи за фалсификувана стока со лажни етикети на познати брендови.