Елена Лакапина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елена Лакапина
Византиска императорка
На престол 919–920
Сопружник Константин Порфирогенит
Деца
Роман II
Зоја
Теодора
Агата
Теофан
Ана
Династија Фамилија Лакапин
Роден(а) околу 910
Починал(а) 19 септември 961
Цариград

Елена Лакапина (околу 910 - 19 септември 961) била византиска царица, сопруга на императорот Константин Порфирогенит.

Елена била ќерка на Роман I Лакапин и неговата сопруга Теодора.

Во 919 година Роман Лакапин извршел државен удар против царицата Зоја Карбонопсина која била на чело на регентскиот совет на малолетниот син Константин Порфирогенит. Управувањето на Зоја, поддржано од војсководецот Лав Фока било исклучително непопуларно поради неуспешните обиди на власта да се справи со заканата од страна на Бугарија, кои станале причина византиската армија да понесе серија порази од Бугарите на бојното поле. Роман Лакапин, потпомогнат од широки кругови во византискиот двор, извршел државен удар отстранувајќи ја Зоја од регентството по кое се прогласил за регент на Константин VII.

За да ја зацврсти својата моќ, Роман ја омажил својата ќерка Елена за малолетниот император. Според историските податоци бракот помеѓу Елена и Константин VII бил склучен во април или мај 919 година. Во тоа време Константин VII бил речиси на 14 години, а за возраста на Елена нема историски податоци, но се претпоставува дека во тоа време и таа не била полнолетна.

По склучувањето на бракот Роман Лакапин бил прогласен за василиопатор ("татко на царот"). Во септември 919 година таткото на Елена ја добил и титулата "Кесарија". На 17 декември 920 година Роман Лакапин бил крунисан за виш совладетел. Во јануари 921 мајката на Елена, Теодора била крунисана за "августа". Така Елена станала втора царица, втора според дворската хиерархијата по нејзината мајка. Ситуацијата се променила по смртта на Теодора на 20 февруари 922 година. Малку подоцна Роман ги прогласил за соимператори своите синови Христофор, Стефан и Константин а сопругите им биле прогласени за соимператорки на Елена.

На 16 декември 944 година Роман Лакапин бил соборен од синовите Стефан и Константин и бил прогонет на Принцовските острови каде бил заточен во манастир. Причината за ова било дека таткото на Елена инсистирал наместо од своите синови да биде наследен од својот зет Константин VII. На 27 јануари 945 Константин VII успеал да ги детронизација браќата на својата сопруга. Така Елена останала единствената царицата во царството.

Константин VII сепак не бил заинтересиран за управувањето и целиот товар го префрлил на бирократите и генералите, како и на енергичната сопруга Елена.

Елена Лакапина и Константин VII имале седум деца:

По смртта на Константин VII на 9 ноември 959 година на престолот се качил вториот син на Елена, Роман II. Елена го отстапила место на царицата на својата снаа Теофано која го убедила на Роман II сите негови сестри да ги заточи во манастир. По овие настани Елена Лакапина се повлекла од палатата. Таа починала на 19 септември 961 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Зоја Карбонопсина
Византиска царица
919–920
со Теодора (920–922)
Теофано (956–959)
Наследник
Теофано