Маргерит Јурсенар
Маргерит Јурсенар | |
---|---|
Роден/а | Маргерит Антоанет Жан Мари Жислен Кленверк де Крејенкур 8 јуни 1903 Брисел, Белгија |
Починат/а | 17 декември 1987 Хортист Харбор, Мејн, САД | (возр. 84)
Занимање | писател, есеист, поет |
Националност | француско |
Државјанство | САД |
Жанр | роман, новела, мемоари, есеи, поезија |
Значајни дела | Мемоарите на Адријан |
Значајни награди | Еразмова награда (1983) |
Партнер | Грејс Фрик (1937-1979) |
Маргерит Јурсенар[1] (Брисел, 8 јуни 1903 - Маун Дезерт, Мејн, 17 декември 1987) — француска писателка, романописец, есеист, драматург, прва жена примена во француската академија (1980).
Животопис
[уреди | уреди извор]Јурсенар е родена како Маргерит Антоанет Жан Мари Жислен Кленверк де Крајенкур во Брисел, Белгија. Нејзиниот татко, Мишел Кленверк де Крајенкур, бил припадник на француската буржоазија, а мајка ѝ, Фернанд де Картие де Маршиен, била белгиска аристократка. Таа починала 10 дена по раѓањето на Маргерит., која пораснала во домот на нејзината баба по таткова страна.
Во 1939, десет години по смртта на татко ѝ, Јурсенар (која била лезбијка) останала без пари и заминала во Њујорк кај Грејс Фрик.[2] Тие за првпат се сретнале во 1937 година, во Париз и тогаш станале љубовнички, а Јурсенар живеела со Грејс сè до својата смрт од рак во 1979 година.
Творештво
[уреди | уреди извор]Во 1929 година, Јурсенар го објавила својот прв роман „Алексис или Залудната борба“ (француски: Alexis ou le Traité du vain combat), инспириран од Андре Жид.[3] Во 1937 година, за само 10 месеци, таа го превела делото „Бранови“ на Вирџинија Вулф. Во 1939 година ја објавила новелата „Удар на милоста“ (француски: Le Coup de grâce). Својот најпознат роман „Мемоарите на Адријан“ којшто со паузи го пишувала десет години, го објавила во 1951 година, во Франција. Романот веднаш доживеал голем успех и бил прифатен од страна на критиката. Во него, Јурсенар го опишува животот и смртта на еден од најголемите владетели на античкиот свет, римскиот цар Адријан, кој му пишува долго писмо на младиот Марко Аврелиј. Во 1971 година, издавачката куќа Галимар ги објавила драмите на Јурсенар во два тома.
Јурсенар се занимавала и со преведувачка дејност при што на француски јазик ги преведувала делата на Вирџинија Вулф, Хенри Џејмс Константин Кавафи, грчка поезија (La Courrone et la Lyre, 1979) и јапонска литература.[4]
Библиографија
[уреди | уреди извор]Јурсенар пишувала поезија, прозни дела, есеи. Најзини најзначајни дела се:[4]
- Le Jardin des Chimères, 1921
- Les Dieux ne sont pas morts, 1922
- Alexis ou le Traité du vain combat, 1929
- La Nouvelle Eurydice, 1931
- Pindare, 1932
- Dernier du rêve, 1934 (втора верзија од 1959, конечна верзија од 1971)
- La mort conduit l'attelage, 1934
- Feux, 1936
- Les Songes et les Sorts, 1938
- Nouvelles orientales, 1938 (преработено издание од 1963)
- Memoires d'Hadrien, 1951
- Les Charités d'Alcippe, 1956
- Sous bénéfice d'inventaire, 1962
- L'Oeuvre au noir, 1968
- Souvenirs pieux, 1974
- Archives du Nord, 1977
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јурсенар е несовршен анаграм на нејзиното презиме, Крајенкур
- ↑ Michèle Sarde, Vous, Marguerite Yourcenar, Robert Laffont, 1995, p. 227.
- ↑ Dans la préface d'Alexis ou le Traité du vain combat, rédigée en 1963, Marguerite Yourcenar affirme que, si le titre fait bien écho au Traité du vain désir de Gide, l'influence de ce dernier fut en réalité faible et surtout formelle, l'empreinte essentielle étant plutôt celle de Rilke.
- ↑ 4,0 4,1 „Bilješka“, во: Marguerite Yourcenar, Oproštajni udarac. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 99.
- Луѓе од Брисел
- Родени во 1903 година
- Починати во Маун Дезерт
- Починати во Мејн
- Починати во 1987 година
- Француски писатели
- Француски романописци
- Француски есеисти
- Француски драматурзи
- ЛГБТ-писатели
- Заповедници на Легијата на честа
- Членови на Француската академија
- Членови на Американската академија на уметностите и науките