Нарцис (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ехо и Нарцис (1903), пред-Рафаелитско толкување од страна на Џон Вилијам Вотерхаус
Нарцис од Караваџо

Во старогрчкатата митологија, Нарцис бил ловец од Беотија, кој беше познат по својата убавина. Тој беше исклучително горд, и ги омаловажувал оние што го сакале. Немезида го забележала ова однесување и го привлече Нарцис кај река, каде што тој го виде својот одраз во водата и се вљубил во него, не сфаќајки дека тоа е само слика. Неможејќи да ја остави убавината на својот одраз, Нарцис се удавил. Нарцис е потеклото на терминот нарцизам, фиксација со себеси.

Антички извори[уреди | уреди извор]

Има многу антички верзии на овој мит. Класичната верзија е таа на Овидиј; ова е приказната за Нарцис и Ехо. Еден ден Нарцис одеше во шумата кога Ехо го виде, длабоко се заљубила и тргнала по него. Нарцис насетил дека е следен и извикувал "Кој е таму?". Ехо повторила "Кој е таму?". Таа на крајот го открила својот идентитет и се обидела да го фати. Тој отстапил и и рекол да го остави на мира. Срцето и беше скршено и го поминала остатокот од својот живот осамена и само ехото на звукот останал од неа. Немезида, божицата на одмаздата, слушнала за ова и одлучила да го казни Нарцис. Таа го намамила кон река каде го видел својот одраз. Тој не сфаќајки дека тоа е само слика се вљубил во неа. Тој на крајот сфатил дека неговата љубов не може да се оствари и извршил самоубиство.[1]

Претходната верзија се припишува на поетот Партениј од Никеја, составена во околу 50 година п.н.е..[2] Како во верзијата на Овидиј, таа завршува со самоубиството на Нарцис. Како и во верзија на Конон, современик на Овидиј (Нарации, 24). Во неа, еден млад маж по име Аминиас се вљубил во Нарцис, кој веќе одбил повеќе машки додворувачи. Нарцис, исто така го одбил и Аминиас и му даде меч. Аминиас извршил самоубиство пред домот на Нарцис. Тој се молел на боговите да го казнат Нарцис за сите маки што ги предизвикал. Крајот е ист како и во другите верзии.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Greek Myths & Greek Mythology
  2. David Keys, "Ancient manuscript sheds new light on an enduring myth", BBC History Magazine, Vol. 5 No. 5 (May 2004), p. 9 (accessed April 30, 2010);