Кераца Марија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеарца Марија
Византиска царица

Keratsa of Bulgaria.jpg
Византиска царица
На престол 12 август 1376 – 1 јули 1379
Претходник Елена Кантакузина
Наследник Елена Кантакузина
сопруг Андроник IV Палеолог
Деца
Јован VII Палеолог
Династија Шишман
Палеолози
Татко Иван Александар
Мајка Теодора-Сара
Роден(а) 1348
Бугарија
Починал(а) 1390
Византија

Кераца Бугарска или Кераца Марија (1348-1404) била бугарска принцеза и византиска царица, сопруга на византискиот императорот Андроник IV Палеолог.

Потекло[уреди | уреди извор]

Кераца била родена во 1348 година најверојатно во Трново, Бугарија, како ќерка на бугарскиот цар Иван Александар и Теодора-Сара, од бугарскиот царски род Шишман. Кераца била крстена на својата баба Кераца Петрица.

Царица[уреди | уреди извор]

На 17 август 1355 година Кераца Марија била мажена за византискиот император Андроник IV Палеолог (1376 - 1379). Кога бракот им бил склучен, Кераца имала седум години, Андроник исто така бил многу млад, па затоа морало да се побара дозвола од Цариградската патријаршија, која со специјално синодско решение потпишано од патријархот и уште 15 митрополити, го потврдил бракот. Преку бракот требало да се зацврстат идните заеднички бугарско-византиски акции против османлиските освојувачи. Синот на Кераца и Андроник, крстен на дедо му Јован V Палеолог, подоцна исто така, станал император под името Јован VII Палеолог. Од овој брак се родиле и две ќерки.

Во 1373 година Андроник заедно со своето момче и наследник на отоманскиот престол Савчи Бег, организирал заговор за соборување на своите татковци. Заговорот сепак не успеал. Султанот го ослепил својот син, по кое тој починал. Јован V Палеолог наредил Андроник да биде заслепен со врел оцет, па Андроник делумно го задржал видот. По наредба на императорот истата судбина им се случила и на тригодишниот син на Андроник и Кераца. Потоа заедно со нејзиниот сопруг Кераца биле околу три години затворени во Анемас, а подоцна - и во еден манастир крај византиската престолнина.

Во 1376 година Кераца и Андроник успевале да избегаат со помош на бугарскиот цар Иван Шишман и Крали Марко и прибежиште нашле во соседството Пера при генуезците. Таму благодарение на грижата на Кераца и на некоја маст, кој таа ја добила од генуезците, сопругот и синот успеале да си го вратат видот[1].

Кераца станала царица на Византија во 1376, кога Јован V Палеолог бил соборен од Андроник IV Палеолог. Всушност Кераца била византиска царицата само 3 години, бидејќи Андроник IV Палеолог го изгубил престолот и бил принуден да бара азил во Галата.

По ненадејната смрт на Андроник во 1385 година, Кераца го презела старателството над нивниот син Јован VII Палеолог (тогаш уште 15-годишен). Потоа, макар и принудена да се замонаши под името Макарија, таа сепак успела да го види нејзиниот син на византискиот престол во 1390 година. Јован VII се задржал на престолот само неколку месеци. Откако бил соборен, тој го добил управувањето на областа со центар Силиври, каде заминала и самата Кераца.[1] КЕарца починала во околу 1404 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Павлов, Пламен. Търновските царици. В.Т.:ДАР-РХ, 2006. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Пламен Павлов“ е зададен повеќепати со различна содржина.