Савчи Бег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден Отоманска Империја
Починал Отоманска Империја
Занимање османлиски принц

Савчи Бег бил османлиски принц кој учествувал во заеднички бунт со визанрискиот принц против нивните татковци во 1370-тите. Савчи бил син на Мурат I. Според османлиската традиција, сите кнезови или шехзаде биле провинциски управители, а Савчи управувал со Бурса кој бил втор по важност главен град по Едрене.

Граѓанска војна[уреди | уреди извор]

Кога отоманските Турци го зазеле Едрене или Адријанопол, византискиот император Јован V Палеолог апелирал до Западот за помош. Но, тој бил уапсен во Венеција. Неговиот син Андроник, подоцна Андроник IV Палеолог одбил да плати откуп па Јован морал да се откаже од островот Тенедос по кое бил пуштен на слобода. По овој настан, Јован како свој престолонаследник го ставил неговиот помплад син Мануел, подоцна Мануел II Палеолог.

Во 1371 година, Јован морал да се признае како вазал на османлискиот султан Мурат I, а Византија во тоа време опфаќала територии околу Константинопол, Солун и мал дел од денешна Грција. Во 1373 година Јован и Мурат започнале војна против своите синови. Савчи Бег бил најмлад од синовите на Мурат и знаел дека шансите да стапи на престолот се минимални.

Една кратка хроника од 1377 година соопштува дека Андроник во мај 1373 година го напуштил Константинопол бегајќи од сопствениот си татко и се сретнал со султановиот син. Бунтот започнал на 25 мај, но истиот бил задушен уште пред да започне. На 29 септември 1373 година востание повторно дигнал султановиот син, по кое Мурат го заробил и наредил да биде ослепен, а Андроник бил затворен. Вестите за овој сојуз стигнале до папата во Рим, кој во следните години го нарекол сојуз на нечестта, и покрај тоа што папата претходно не сакал да му помогне на византискиот император.

Во 1376 година најверојатно со помош на Џенова, Андроник заедно со неговиот син и сопруга успеале да побегнат од затворот. Со помош на отоманците тие успеале да влезат во Константинопол и да ги поразат неговиот татко и брат Мануел и Теодор и да ги затворат. Како знак на благодарност тој ја дал својата сестра на отоманскиот султан. Султанот исто така го посакал Галиполи и Андроник му го предал полуостровот во 1377 година. Освен тоа, императорот му платил и огромен данок.

Наводи[уреди | уреди извор]