Регент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Регент (од латински: regens - „оној кој владее“) е личност избрана за водач на државата наместо монархот, поради неговата малолетност, отсутност или онеспособеност. Личноста која ја врши должноста на регент и де факто владее, иако формално монархот е на чело на државата.

Потребата од регентство се должи на потребата некој да управува со државата по смртта на неприкосновениот монарх и прекинување на предвидената наследна линија, во тој случај парламент одредува регент кој ја врши должноста шеф на државата сè додека не се избере нов монарх од некоја од споредните наследни линии или сè додека малолетниот монарх не стане полнолетен. За регент начјесто се бираат членови на потесното семејство на претходниот владетел или членови на кралскиот двор од повисок ранг.