Прејди на содржината

56

Од Википедија — слободната енциклопедија
< 1 век п.н.е. 1 век 2 век >
12345678910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
56 во разни календари
Грегоријански календар56
LVI
Ab urbe condita809
Асирски календар4806
Балиски календарн/п
Бенгалски календар−537
Берберски календар1006
Будистички календар600
Бурмански календар−582
Византиски календар5564–5565
Кинески календар乙卯(дрв. зајак)
2752 или 2692
     до 
丙辰年 (огн. змеј)
2753 или 2693
Коптски календар−228 – −227
Етиопски календар48–49
Еврејски календар3816–3817
Хиндуистички календари
 - Викрамска ера112–113
 - Сачка еран/п
 - Кали-југа3156–3157
Холоценски календар10056
Ирански календар566 п.п. – 565 п.п.
Исламски календар583 п.х. – 582 п.х.
Јавански календарн/п
Јулијански календар56
LVI
Корејски календар2389
Мингуо-календар1856 пред Р. Кина
民前1856年
Нанакшахи−1412
Селевкидски календар367/368 г.г.
Тајландски сончев календар598–599
Тибетски календар阴木兔年
(женско дрво-зајак)
182 или −199 или −971
     до 
阳火龙年
(машки оган-змеј)
183 или −198 или −970

56 (LVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 56 година од новата ера, 56. од првиот милениум, 56. од I век и седма од 50-тите.

Други календари

[уреди | уреди извор]

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5564 и 5565 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4806 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3816 и 3817 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 809.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 56 година се протега во 2692 и 2693, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2752 и 2753 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 599. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 583 и 582 година пред хиџра.

Починале

[уреди | уреди извор]