Ватикански музеи
| Musei Vaticani | |
Поглед кон Ватиканските музеи од куполата на Базиликата Свети Петар | |
![]() | |
| Основан | 1506 |
|---|---|
| Место | Viale Vaticano 6, I-00192, Рим[1] |
| Координати | 41°54′23″N 12°27′16″E / 41.9064°N 12.4544°E |
| Тип | Уметнички музеј |
| Фонд | 70,000[2] |
| Посетеност | 6,825,436 (2024)[3] |
| Директор | Barbara Jatta[4] |
| Мреж. место | museivaticani.va |
Ватикански музеи (италијански: Musei Vaticani) — една од најголемите музејски установи од овој вид во светот, каде се изложени уметнички дела од огромната збирка собрана од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во XVI век, односно во 1506 година. Систинската капела и Рафаеловите одаи (Stanze della Segnatura) се на патеката на посетителите низ музеите.
Основање
[уреди | уреди извор]
Основањето на Ватиканските музеи се поврзува со една мермерна скулптура купена пред 500 години. Скулптурата „Лаокон и синовите“ била откриена во едно лозје близу до базиликата „Голема Богородица“ во Рим. Папата Јулиј II ја откупил статуата од сопственикот на лозјето и ја изложил во Ватикан. Од тоа време изложбата постојано се проширувала.
Ликовна галерија
[уреди | уреди извор]Збирката најпрвин била сместена во Домот на Борџија, а во времето на Папа Пиј XI била изградена посебна зграда. Изложбата содржи слики на Микеланџело, Рафаел и Фра Анџелико.
Збирка на современа религиозна уметност
[уреди | уреди извор]Збирката на современа религиозна уметност претставува слики и скулптури од познати автори, како што се Карло Кара и Џорџо де Кирико.
Скулптури
[уреди | уреди извор]Една група на музеи претставуваат само скулптури:
Музеј на Пиј и Клемент
[уреди | уреди извор]Папа Клемент XIV го основал овој музеј во 1771 година и првобитно содржел ренесансни и антички дела. Неговиот наследник, папа Пиј VI ја проширил изложбата. Денес овој музеј изложува само скулптури од грчката и римската антика.
Има вкупно 54 галерии, од кои Систинската капела е последната и за да се дојде до неа мора да се минат претходните 53. Овие галерии изложуваат прекрасни скулптури, како што се „Заспаната Аријадна“, „Канделабрите на Барберини“, „Трите Грации“ и други.

Музеј Кјармонти
[уреди | уреди извор]Музејот е наречен според световното семејно име на папата Пиј VII, кој го основал во раните 1800-ти. Музејот се состои од голема засводена галерија во која се изложени неколку статуи, саркофази и фризи.
Грегоријански Етрурски музеј
[уреди | уреди извор]Основан е од папата Григориј XIII во 1836 година и има осум галерии со важни Етрурски дела од археолошки ископувања. Делата вклучуваат вазни, саркофаг, бронзи и збирката „Гулјеми“.
Египетски музеј
[уреди | уреди извор]Основан е од папата Григориј XVI и има голема збирка на староегипетски материјали, како што се папируси, мумии на животни, познатата збирка „Граси“ и познатата „Книга на мртвите“.
Други експонати
[уреди | уреди извор]
- Неколку слики од Караваџо вклучувајќи ја и познататата Погребување на Христос (1602 - 1603)
- Портретот на Св. Јероним од Леонардо да Винчи
- Слики од Фра Анџелико, Џото, Рафаел, Тицијан и други
- Папскиот престол од црвен мермер, кој претходно бил сместен во базиликата Сан Џовани ин Латерано
- Огромна збирка на слики и таписерии од Рафаел, вклучувајќи ги и Рафаеловите одаи
- Систинската капела
- Галеријата на географски карти - содржи топографски карти на цела Италија насликани на ѕидовите и долга 120м.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Vatican Museums. „How to get to the Vatican Museums“. vaticanmuseumsrome.com.
- ↑ „Meet Antonio Paolucci“. Divento. Архивирано од изворникот на 2016-12-29. Посетено на 2016-12-28.
- ↑ The Art Newspaper, March 2025
- ↑ Bowles, Hamish (February 13, 2018). „Meet Barbara Jatta, the First Woman Director of the Vatican Museums“. Vogue. Посетено на 2018-02-13.
- ↑ „Dossier Musei 2008 - Touring Club Italiano“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-17. Посетено на 2008-11-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Ватикански музеи“ на Ризницата ? |
- Официјална страница на Ватиканските музеи Архивирано на 4 декември 2008 г.
- Неофицијална страница на музеите
41°54′23″N 12°27′16″E / 41.90639°N 12.45444°E
|
