Прејди на содржината

Систинска капела

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сикстинска капела)
Систинска капела
Религија
ПрипадностРимокатоличка црква
DistrictРимокатоличка епископија
Водствопапа
Година на осветување15 август 1483
Локација
ЛокацијаВатикан
Систинска капела is located in Ватикан
Систинска капела
Shown within Ватикан
Географски координати41°54′11″N 012°27′16″E / 41.90306°N 12.45444°E / 41.90306; 12.45444
Архитектура
Архитект(и)Бацио Понтели, Џовани де Долчи.[1]
Типцрква
Почеток на градба1473[1]
Завршена во1481[1]
Спецификации
Должина40.9 метарs (134 ст)
Ширина (кораб)13.4 метарs (44 ст)
Висина (max)20.7 метарs (68 ст)
Службен назив: Ватикан
ТипCultural
Критериумиi, ii, iv, vi
Прогласено1984[2]
Број286
State Party Света столица
РегионЕвропа и Северна Америка
Мрежно место
mv.vatican.va
Создавањето на Адам“ од Микеланџело.
„Страшниот суд“ од Микеланџело.

Систинската капела (италијански: Cappella Sistina) или Сикстинска капела (латински: Sacellum Sixtinum) — најпозната капела во Апостолскиот дворец, официјалната резиденција на папата во Ватикан. Нејзината слава доаѓа пред сѐ од внатрешната декорација со фрески од Микеланџело, Рафаел, Бернини и Ботичели, како и од фактот што во неа се одржуваат конклавите - кардиналски собори за избор на нов папа. Капелата го носи името според папата Сикст IV кој ја реставрирал „Големата капела“, како што претходно се нарекувала, помеѓу 1477 и 1480 година. Капелата ја осветил Сикст IV на 15 август 1483 и ја посветил на Успението на Пресвета Богородица.[3]

Денес Систинската капела е дел од разгледувањето на Ватиканските музеи и може да се посети кога во неа не се одржуваат служби.

Sидовите биле фрескоживописани од неколку уметници уште пред осветувањето: Пјетро Перуџино, Сандро Ботичели и Доменико Гирландајо помеѓу 1482 и 1483 година.

Потоа, помеѓу 1508 и 1512, под спонзорство на папата Јулиј II, Микеланџело насликал 1.100м² фрески на таванот на капелата. Микеланџело го презирал овој проект, и сметал дека служи само за да се задоволи грандоманијата на папата. Сепак, денес се смета дека таванот на Систинската капела е круна на неговата уметност.

Микеланџело повторно бил ангажиран од папата Климент VII во 1534 - 1541 за да го наслика олтарниот ѕид на капелата. Тој таму го насликал „Страшниот суд“, дело кое своевремено, па и денес, предизвикува контроверзи поради видните луѓе кои уметникот ги сместил во пеколот, како и поради голотијата на фигурите непримерена за христијанскиот морал.[4] Тоа е импозантно и драматично уметничко дело, го зафаќа целиот олтарен ѕид на капелата, со димензии од околу 13,7 х 12 метри. Микеланџело го оставил и својот автопортрет на сликата, во ликот на Св. Вартоломеј кој ја носи својата одрана кожа. (Според преданието, Св. Апостол Вартоломеј бил измачуван заради верата, жив одран и распнат на крст. )

Фреските во капелата биле целосно реставрирани во периодот 1984 - 1994 година, по што на виделина излегле со сиот свој сјај и живост на боите.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 Ekelund, Hébert & Tollison 2006, стр. 313
  2. Vatican City, Whc.unesco.org, Посетено на 9 August 2011
  3. Monfasani, John. "A Description of the Sistine Chapel under Pope Sixtus IV". Artibus et Historiae, Volume 4, no. 7, 1983. 9-18.
  4. Vasari, Giorgio & Bull, George & Anthony, George. Lives of the artists. Penguin Classics, August 27, 1987. 379. ISBN 0-14-044500-5

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]