Базилика Свети Павле надвор од ѕидините
Базилика Свети Павле надвор од ѕидините | |
---|---|
Фасадата на базиликата Свети Павле надвор од ѕидините | |
Основни податоци | |
Место | Rome |
Координати | 41°51′31″N 12°28′38″E / 41.85861° СГШ; 12.47722° ИГДКоординати: 41°51′31″N 12°28′38″E / 41.85861° СГШ; 12.47722° ИГД |
Припадност | Римокатоличка црква |
Осветен | 4 век |
Духовно-организациски статус | Major basilica |
Водство | Франческо Монтериси |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | Црква |
Поставен темел | 4 век |
Завршен | 1823 |
Особености | |
Насоченост на фасадата | WbN |
Должина | 150 метарs (490 ст) |
Ширина | 80 метарs (260 ст) |
Ширина (кораб) | 30 метарs (98 ст) |
Висина (најг.) | 73 метарs (240 ст) |
Базиликата Свети Павле надвор од ѕидините (италијански: Basilica Papale di San Paolo fuori le Mura) е една од четирите патријархални римски базилики, заедно со уште Свети Јован Латерански, Свети Петар и Санта Марија Маџоре. Самата базилика се наоѓа во градот Рим, Италија, надвор од границите на Аурелиските ѕидини, од каде и доаѓа називот надвор од ѕидините.
И покрај тоа што базиликата се наоѓа надвор од границите на Ватикан, сепак според Латеранскиот договор, базиликата поседува посебен екстериторијален статус во сопственост на Светата престолнина.
Изградбата на базиликата започнала во времето на Константин Велики, на местото на гробот на Свети Павле. Подоцна, на местото на истата базилика во 386 година била изградена поголема базилика. Според мозаикот во базиликата, Теодосиј I ја започнал нејзината изградба, Хонориј ја завршил, а во времето на папа Лав I била реновирена и обновена. Во времето кога била изградена, христијанскиот објект бил поголем од базиликата Свети Петар, како и позначаен во римокатоличкиот свет. Во 1823 година објектот бил зафатен од голем пожар, а во 1845 година, истата била обновена.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- The Papal Basilica St Paul Outside-the-Walls, official site.
. Католичка енциклопедија. Њујорк: Роберт Еплтон. 1913.
- Wiki Churches of Rome: Basilica San Paolo fuori le Mura
- St. Paul's Tomb Unearthed in Rome on National Geographic News, including a photograph of a side of the sarcophagus.
- The tombs of the apostles: Saint Paul Архивирано на 8 јануари 2013 г.
- [1] Архивирано на 21 октомври 2012 г. 3D Model of the church
|