Седум рида на Рим

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шематска карта на Рим со седумте рида.

Седумте римски рида источно од Тибар се дел од срцето на Рим. Седумте рида на антички Рим биле: Cermalus, Cispius, Fagutal, Oppius, Palatium, Sucusa и Velia. Тие често пати се споменуваат во римската митологија, религија и политика. Се смета дека првобитниот Рим го изградил Ромул на ридот Палатин (Collis Palatinus). Останатите шест од седумте рида на подоцнежниот Рим се Авентин (Collis Aventinus), Капитол (Collis Capitolinus), Квиринал (Collis Quirinalis), Виминал (Collis Viminalis), Есквилин (Collis Esquilinus) и Целиан (Collis Caelius).

Во почеток на седумте рида имало неколку населби кои не се сметале за дел од градот Рим. Жителите на овие ридови почнале да учествуваат во религиозни игри и така почнале да се организираат. Градот Рим настанал со здружување на овие одделни населби и сушење на мочварното земјиште во долината меѓу ридовите, претварајќи го во пазари и форуми.

Денес познатиот Ватикански Рид (италијански: Vaticano, од латинскиот: Collis Vaticanus) е северозападно од Тибар и не е дел од седумте рида на Рим. Исто така ни ридот Пинцијан (италијански: Pincio, од латинскиот: Mons Pincius), на север, и Јаникулум (италијански: Gianicolo, од латинскиот: Ianiculum), на запад, не се сметаат во седумте рида.

Од седумте рида на доцнежен Рим, пет од нив (Авентин, Целијан, Есквилин, Квиринал и Виминал) се населени подрачја со споменици, згради и паркови, Капитол денес е седиште на општината Рим, а Палатин е археолошко подрачје.

Седумте рида[уреди]

Тука, по азбучен ред накратко се набројани седумте рида на стариот Рим, заедно со нивните латински оригинали: