Луојанг

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Храмот на Белиот Коњ
Градска улица

Луојанг (кин: 洛陽, Luòyáng) е град во западната кинеската провинција Хенан. Градот се наоѓа на север од реката Луо, по која го добива своето име, на 110 километара од главниот град на провинцијата Џенгџоу.

Подрачјето на градот опфаќа површина од 15.492 km², со 6.383.900 жители.

Луојанг е еден од најстарите кинески градови, и еден од четирите традиционални престолнини.

Во книгата „Чжоу ли“ (3 век п.н.е.) се дознаваме дека Луојанг уште во 11ти век п.н.е. (кога бил престолнина на Кина) имал јасно дефинирани урбанистички стандарди. Градот бил планиран во квадратна форма, со девет вертикални и девет хоризонтални улици кои го делеле градот на четврти (квартали), а во самиот центар се наоѓал дворецот на владетелот.[1]

Извори[уреди]

  1. Статья про слово "Градостроительство" в Большой Советской Энциклопедии [1]

Видете исто така[уреди]