Прејди на содржината

Франклин Д. Рузвелт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франклин Д. Рузвелт
Портрет на 62-годишниот Рузвелт со проседена коса, свртен кон камерата.
Предизборен портрет, 1944 г.
32 Претседател на Соединетите Американски Држави
На должноста
4 март 1933[1]  12 април 1945
Претходник Херберт Хувер
Наследник Хари С. Труман
44 Гувернер на Њујорк
На должноста
1929–1932
Намесник Херберт Х. Леман[2]
Претходник Ал Смит
Наследник Херберт Х. Леман[3]
Помошник на секретарот на морнарицата на САД
На должноста
1913–1920
Претседател Вудро Вилсон
Претходник Бикман Винтроп[4]
Наследник Гордон Вудбери[4]
Член на Сенатот на Сенат на сојузната држава Њујорк
од округот 26. сенатски округ
На должноста
1911–1913
Претходник Џон Ф. Шлосер[5]
Наследник Џејмс Е. Таунер[6]
Лични податоци
Роден(а) јануари 30, 1882(1882-01-30)
Хајд Парк, Њујорк, САД
Починал(а) април 12, 1945(1945-04-12) (возр. 63)
Ворм Спрингс, Џорџија, САД
Почивалиште имотот Спрингвуд
Партија Демократска партија
Сопружник
(в. Error)
Деца 6
Образование Универзитет Харвард (диплома за уметности)
Потпис Ракописен потпис со мастило

Франклин Делано Рузвелт (англиски: Franklin Delano Roosevelt; правилното презиме е Роузевелт, англиски изговор: /ˈroʊzəvɛlt/)[7] (30 јануари 188212 април 1945), уште попознат како ФДР (англиски: FDR) — 32. претседател на САД, и е единствениот претседател на САД кој бил избран повеќе од 2 пати, па од тука е и претседателот со најмногу мандати, вкупно четири пати. Рузвелт го победил тогаш сè уште актуелниот 31. претседател на САД, Херберт Хувер на претседателските избори одржани во 1932.

Популарноста ја добил со својата политика со која успеал да ја ублажи големата економска криза во САД. Кога започнала Втората светска војна на 1 септември 1939 прво индиректно ги поддржувал силите на Сојузниците, а по нападот на Перл Харбор од страна на Јапонија на 7 декември 1941 и официјално застанал на страна на силите на Сојузниците и ги насочил сите достапни средства на САД за модернизирање, обновување и проширување на американските вооружени сили во војната против Силите на Оската.

Во првите 100 денови од неговиот прв претседателски мандат (1933-1937), кој започнал на 4 март 1933, Рузвелт започнал со серија реформи, уште попознати како Нов Договор (Њу Дил), кои се фокусирале на три главни цели: Ослободувања од одредени обврски за невработените и сиромашните; Закрепнување на економијата на нормално ниво; и Реформирање на финансискиот систем со цел да се спречи нова депресија. Американската економија закрепнала брзо во периодот од 1933 до 1937, но по тоа следувала длабока рецесија. Конзервативната коалиција во американскиот Конгрес во 1937 го спречила усвојувањето на реформите кои Рузвелт ги планирал за американскиот правен систем, а исто така укинала голем дел од реформите за ослободување на невработените и сиромашните од одредени обврски за време на Втората светска војна, бидејќи за време на истата, невработеноста била речиси искоренета. Најголемиот дел од реформите на финансискиот систем биле укинати во периодот 1975-1985, со исклучок на регулацијата на Вол Стрит од страна на Комисијата за Обезбедување и Размени на САД, која што постои и до денешен ден. Заедно со уште неколку помали реформи, најголемата придобивка од Новиот Договор во САД е социјалното осигурување, усвоена од страна на американскиот Конгрес во 1935.

Откако Втората светска војна започнала по 1938 по почетокот на јапонската инвазија на Кина и агресијата предизвикана во Европа од страна на Нацистичка Германија, Рузвелт пружил силна дипломатска и финансиска поддршка за Кина и Велика Британија, иако официјално САД останале неутрални, како што налагал Неутралниот Акт усвоен во август 1935. Рузвелт рекол дека неговата цел е САД да станат "Големиот Арсенал на Демократијата", со тоа што обезбедувале муниција за силите на Сојузниците. Во март 1941 Конгресот ја усвоил реформата "Позајми-Изнајми", со која Рузвелт обезбедувал помош за државите кои се бореле против Нацистичка Германија на страната на Велика Британија. По јапонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941, Рузвелт успеал да издејствува Конгресот речиси едногласно да ја усвои Декларацијата за објавување на војна против Јапонија. Ја надгледувал мобилизацијата на американската економија во поддршка на воените зафати на силите на Сојузниците, со што невработеноста била речиси искоренета, а индустриската економија пораснала до неочекувани висини.

Рузвелт ја доминирал американската политичка сцена, не само за време на повеќе од 12 годишниот период кој го поминал како Претседател на САД, туку уште цели децении по неговата смрт. Неговата Њу Дил Коалиција обединила синдикати, големи градски машини, етнички белци, Афроамериканци и рурални јужни белци. Ефектите од неговата дипломатска работа останале долг период по неговата смрт, со Организацијата на Обединетите Нации и Бретон Вудс монетарниот систем како примери за широките ефекти на неговата администрација ширум светот. Комбинацијата на Рузвелт на оптимизам и активизам го оживеала националниот дух на американскиот народ. Починал на 63 годишна возраст на почетокот на неговиот четврти претседателски мандат на 12 април 1945. Непрекинато, до денешен ден, Франклин Делано Рузвелт кај американскиот народ важи за еден од најдобрите претседатели на САД.

  1. Alter 2006, стр. 190.
  2. Daniels 2015, стр. 70.
  3. Daniels 2015, стр. 107109.
  4. 1 2 „Assistant Secretary of the Navy“. Navy Department Library. May 20, 2026.
  5. Burns 1956, стр. 30.
  6. „James E. Towner“. Herald Statesman. January 24, 1935. стр. 2.
  7. http://www.youtube.com/watch?v=MX_v0zxM23Q Снимка од ФДР како дава заклетва