Радау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Радау
Radau wasserfall harz.jpg
Водопадот Радау близу Бад Харцбург
Место Долна Саксонија,  Германија
Ознака 48218
Должина 21,1 км [1]
Извор Торфхаусмор источно од Торфхаус
51°47′56″ СГШ; 10°32′27″ ИГД / 51.79889° СГШ; 10.54083° ИГД / 51.79889; 10.54083Координати: 51°47′56″ СГШ; 10°32′27″ ИГД / 51.79889° СГШ; 10.54083° ИГД / 51.79889; 10.54083
Висина на изворот 800 м над мор. ниво m
Утока североисточно од Финенбург во Окер
51°57′29″ СГШ; 10°34′25″ ИГД / 51.95806° СГШ; 10.57361° ИГД / 51.95806; 10.57361
Слив Везер
Одлив Окер → Алер → Везер → Северно Море
Слив 59,27 км² [1]
Истек[1] Просечен среден:   790 л/с
Пловност не

Радау (германски: Radau) — река во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува десна притока на реката Окер.

Извира на околу 800 метри надморска височина во планинскиот масив Харц, во голет наречен Торфхаусмор (исто и Радауборнмор) источно од селото Торфхаус во градот Алтенау. Реката тече северно низ долина и на која се наоѓа 23-метарскиот водопад „Радау“, јужно од бањскиот град Бад Харцбург, веднаш до сојузниот автопат Б4. Вештачкиот водопад бил изграден како туристичка знаменитост во 1859 година од страна на државните железници на Војводството Брауншвајг, која управувала со железничката пруга Брауншвајг-Бад Харцбург од 1841 година. Откако го поминува Финенбург, Радау се влива во реката Окер североисточно од градот.

Во средниот век, Радау била користена за пренесување на цепеници и дрвја. На крајот на реката имало брана.

Во близина на водопадот се наоѓа ресторан и детска железница.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Bestandsaufnahme zur Umsetzung der EG-Wasserrahmenrichtlinie, Oberflächengewässer, Bearbeitungsgebiet Oker; Tab. 2