Рајна-Лана
| Рајна-Лана | ||
|---|---|---|
| округ | ||
| ||
![]() | ||
| Земја | ||
| Покраина | Рајнска област-Пфалц | |
| Седиште | Бад Емс | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 782,3 км2 (3,020 ми2) | |
| Население (31 декември 2022)[1] | ||
| • Вкупно | 124.381 | |
| • Густина | 16/км2 (41/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Рег. таб. | EMS | |
| Мреж. место | rhein-lahn-info.de | |

Рајна-Лана (герм. Rhein-Lahn-Kreis) — округ во источниот дел на покраината Рајнска област-Пфалц, Германија. Се граничи со окрузите (од север, надесно) Вестервалд, Лимбург-Вајлбург, Рајнгау-Таунус, Мајнц-Бинген, Рајна-Хунсрик, Мајен-Кобленц и безокружниот град Кобленц.
Историја
[уреди | уреди извор]Со Виенскиот конгрес, подрачјето било припоено кон војводството Насау. Во 1866 Насау ѝ припаднало на Прусија, па така во 1867 е создаден административниот регион Висбаден, и во негов состав окрузите Рајнгау и Унтерлан. Во 1885 округот Рајнгау бил претворен во округот Санкт Гоарсхаузен. Во 1969, двата округа се споени, образувајќи го округот Рајна-Лана.
Географија
[уреди | уреди извор]Како што може да се забележи од името, во округот течат две значајни реки. Рајна ја исцртува границата на запад, чија тесна долина е насадена со винова лоза. Реката Лана тече низ северниот дел на округот, па се влева во Рајна кај Ланштајн. Југот се одликува со ридест терен, и низ него се протега венецот Таунус.
Населени места
[уреди | уреди извор]| Неврзан град |
|---|
| Општински заедници | ||||
|---|---|---|---|---|
|
|
|
| |
| 1седиште на општинската заедница; 2град | ||||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Општини во Германија по население на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Сојузна статистичка служба на Германија. 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Рајна-Лана“ на Ризницата ? |
- Рајна-Лана Архивирано на 26 август 2010 г. — окружен портал (германски)
| ||||||||||
50°16′N 7°52′E / 50.267°N 7.867°E
|
