Јужен Вински Пат
| Јужен Вински Пат Südliche Weinstraße | |||
|---|---|---|---|
| округ | |||
| |||
![]() | |||
| Земја | |||
| Покраина | Рајнска област-Пфалц | ||
| Седиште | Ландау | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 639,89 км2 (24,706 ми2) | ||
| Население (31 декември 2022)[1] | |||
| • Вкупно | 112.631 | ||
| • Густина | 1,8/км2 (4,6/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| Рег. таб. | SÜW | ||
| Мреж. место | suedliche-weinstrasse.de | ||

Јужен Вински Пат (германски: Südliche Weinstraße, фалечко-германски: Siedlischi Woischdrooß) — округ на југот од сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, Германија. Се граничи со окрузите Југозападен Пфалц, Диркхајм, безокружниот град Нојштат, Рајна-Пфалц, Гермерсхајм и францускиот департман Долна Рајна. Округот го обиколува градот Ландау кој е окружно седиште, но не е дел од него.
Историја
[уреди | уреди извор]На 27 мај 1832 г. во Хамбашкиот замок се одржал Хамбашкиот празник — настан кој важи за почеток на германската демократија. Округот е создаден во 1969 г. со соединување на дотогашните окрузи Ландау и Бергцаберн. Отпрвин го носел името Ландау-Бад Бергцаберн, но во 1978 г. е преименуван во Јужен Вински Пат.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот е наречен по Германскиот вински пат (Deutsche Weinstraße), кој е првиот туристички пат во Германија, изграден во 1930-тите. Почнува од Бокенхајм, минува низ Бад Диркхајм, Дајдесхајм, и по 85 километри завршува во Швајген-Рехтенбах близу Бад Бергцаберн).
Реката Лаутер образува дел од границата со Франција на југ.
Грб
[уреди | уреди извор]Грбот е многу сличен на оној од претходниот округ Ландау. Горе лево стои лавот на Изборното Кнежевство Пфалц. Белиот превез го симболизира Винскиот пат по кој е наречен округот. Долу десно има два грозда кои исто така се симбол на патот. Крстот е обележје на Шпајер, бидејќи Шпајерската епархија во минатото поседувала земја во округот. Круната по средината е преземена од грбот на округот Бад Бергцаберн и ги симболизира Трифелс и Анвајлер.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Здружени општини | |||
|---|---|---|---|
|
| ||
| 1седиште на здружената општина; 2град | |||
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Општини во Германија по население на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Сојузна статистичка служба на Германија. 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Јужен Вински Пат на Ризницата ?- Матична страница (германски)
| ||||||||||
|
