Мозел (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мозел
Reichsburg Cochem 0003a.jpg
Меза кај замокот во Кохем, Германија
Земја Франција, Германија, Луксембург
Слив
Главен извор Вогези
715
Устие Рајна
50°21′58″ СГШ 7°36′25″ ИГД / 
Гол. на сливот 28.286
Физички особености
Должина 545 единица?
Проток
  • Просечен:
    290
Мозел кај Бајлштајн

Мозел (француски: Moselle, германски: Mosel; луксембуршки: Musel) — река што тече низ Франција, Луксембург и Германија. Таа е лева притока на Рајна, во која се влева кај Кобленц. Мал дел од речното подрачје на Белгија истекува во Мозел преку реката Ур.

Името на реката е изведено од латинскиот поим Mosella („Мала Меза“). По неа се именувани два департмани во Франција: Мозел и Мерт и Мозел.

Речното корито на Меза е прилагодено за сообраќај на големи товарни бродови до должина до 110 м.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Мозел извира во западните падини на планината Алзашки Балон во венецот Вогези, па тече низ регионот Лорена западно од Вогезите. Во подолното течение во Германија, Мозелската долина ги разделува планинските краеви Ајфел и Хунсрик. Има вкупна должина од околу 546 км.

По течението на реката се среќаваат следниве населени места:

Притоки[уреди | уреди извор]

Стариот живописен град Бернкастел-Кис на реката Мозел.

Леви: Мадон, Теруан, Еш, Рип де Ма, Орн, Фенш, Гандер, Сир, Зауер, Кил, Залм, Лизер, Алф, Ендерт, Бролбах, Елцбах.

Десни: Мозелота, Волоња, Мерт, Сеј, Сар, Олевигер Бах, Авелсбах, Рувер, Фелер Бах, Дрон, Арингсбах, Каутенбах, Лицбах, Флаумбах, Алтлајер Бах, Бахбах, Ербах.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]