Емшер
Емшер | |
---|---|
![]() Емшер | |
Земја | Германија |
Слив | |
Главен извор | Источен Рур ±160 m |
Устие | Рајна 51°33′48″N 6°41′23″E / 51.56333°СГШ 6.68972°ИГДКоординати: 51°33′48″N 6°41′23″E / 51.56333°СГШ 6.68972°ИГД |
Физички особености | |
Должина | 84 km |
Проток |
|
Емшер — релативно мала река и притока на Рајна, која тече низ областа Рур во Северна Рајна-Вестфалија во западна Германија. Нејзината вкупна должина е 84 километри со просечен истек на устието во долна Рајна од 16 m³/s (кубни метри во секунда).
Изворот на Емшер е во Холцвикеде, источно од градот Дортмунд и тече западни низ Рур. Градовите долж Емшер се Дортмунд, Кастроп-Рауксел, Херне, Реклингхаузен, Гелзенкирхен, Есен, Ботроп, Оберхаузен и Динслакен, каде што реката се влева во Рајна.
Во географскиот центар на огромната индустриска област од 5 милиони жители, реката е биолошки мртва, бидејќи била користена како отворен канал за отпадните води од крајот на 19-от век. Поради тоа што постојано има движење на почвата од рударската индустрија, не било возможно да се одржи природниот тек на реката и затоа на двапати било поместено устието на реката кон север во Рајна. Голема модерна централа за третман на водата на нејзиното устие гарантира дека водата што влегува во Рајна е со прифатлив квалитет.
Од раните 1990-ти, огромен проект за обнова на реката Емшер е во фаза на изработка. За потполна обнова на реката, во моментов се гради огромна подземна цевка долж текот на реката. Првиот дел на реката, кој е цел на обновата е во Дортмунд. Вкупниот проект ќе чини неколку милијарди евра и ќе биде завршен во 2020 година.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|