Липе (река)
Изглед
| Липе | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Рајна 51°39′3″N 6°36′15″E / 51.65083°N 6.60417°E |
| Должина | 255 км |
| Особености на сливот | |
Липе (германски: Lippe) — река во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија, десна притока на Рајна. Долга е 255 км.
Извира од пограничниот дел на Тевтобуршката шума во Бад Липшпринге, недалеку од Падерборн. Тече во западен правец низ градот, па низ Липштат и потоа долж северната граница на областа Рур. Таму минува низ Хам, Линен, Халтерн и Дорстен, за на крајот да се влее во Рајна кај Везел.
Реката е во катастрофална еколошка положба поради отпадните води од фабриките и менувањето на коритото. Денес се преземаат извесни мерки за возобнова на фауната по нејзиното течение.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Римски населби по течението на Липе Архивирано на 27 јули 2013 г. — „Ливиј“ (англиски)
| Оваа статија за место во Северна Рајна-Вестфалија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||
|
