Леополд I (војвода на Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леополд I
Војвода на Австрија и Штаерска
до 1326 со Леополд I
На престол1308-1326
ПретходникАлбрехт I
НаследникФридрих Убавиот
Роден(а)1290
Виена, Надвојводство Австрија
Починал(а)28 февруари 1326(1326-02-28)
Стразбур
СопружникКатарина Савојска
ДецаАгнес
Катарина
ДинастијаХабсбуршка династија
ТаткоАлбрехт I
МајкаЕлизабета Тиролска

Леополд I Победоносецот (германски: Leopold I Der Glorwürdige, роден во 4 август 1290 во Виена - починал на 28 февруари 1326 во Стразбур) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија и Штаерска (1308-1326) заедно со својот брат Фридрих Убавиот[1].

Рани години[уреди | уреди извор]

Леополд бил третиот син на римско-германскиот крал Албрехт I († 1308) од Хабсбуршката династија и Елизабета Тиролска.

Негови браќа биле Рудолф, крал на Бохемија, Фридрих Убавиот, војводите на Австрија Албрехт II, Отон IV и Хајнрих.

Управување[уреди | уреди извор]

По смртта на неговите родители Леополд I станал глава на Хабсбуршката династија. Тој управувал со Горна Австрија и помагал на својот брат Фридрих Убавиот во безуспешниот избор за германски крал против Лудвиг од Баварија[1]. Поради својот неуспех, Леополд и неговиот брат не го прифатиле изборот на Лудвиг IV за цар, па земјата била внесена во граѓанска војна. На 9 ноември 1313 година Фридрих бил поразен од Лудвиг кај Гамелсдорф и во 1314 година додека на 15 ноември 1315 година бил поразен и самиот Лудвиг I во битката против Швајцарците[1]. Овиј конфликт дополнително ја намалила силата на Хабсбурговците. По поразот, на 28 септември 1322 година, Леополд се залагал интензивно за ослободување на својот брат кој бил заробен од Лудвиг IV[1]. Тој влегол во преговори со Лудвиг, предавајќи му ја царската регалија.

Семејство[уреди | уреди извор]

Во 1315 година Леополд се оженил за Катарина Савојска. Тие имале две деца:

  • Агнес
  • Катарина

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Leopold I., Habsburger, geb. 1290 (англиски). Austria-Forum. Посетено на 23 март 2016.