Албрехт VI (надвојвода на Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Албрехт VI
Надвојвода на Австрија
Роден(а)18 декември 1418
Виена
Починал(а)2 декември 1463
Виена
Благородно семејствоХабсбуршка династија
Сопружник(ци)Мехтхилд фон Пфалц
ТаткоЕрнест Железниот
МајкаКимбурга Мазовиска

Албрехт VI (германски: Albrecht VI, Freigebige, der Verschwender, prodigus, роден во 18 декември 1418 во Виена - починал на 2 декември 1463 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како надвојвода на Австрија (1457-1463), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска (1424-1463).

Рани години[уреди | уреди извор]

Албрехт бил син на војводата на војводата Ернест Железниот (1377-1424), војводата од Штаерска и неговата втора сопруга Кимбурга Мазовиска (1394-1429). Неговиот поголем брат Фридрих подоцна станал цар под името Фридрих III (1415-1493).

Управување[уреди | уреди извор]

Албрехт управувал како војвода од Штаерска[1]. Претходно, неговиот брат долго време не му дозволувал да управува со хабсбуршките територии, и покрај тоа што бил полнолетен уште од 1436 година. Во 1453 година царот Фридрих III го претворил Војводство Австрија преку „Privilegium maius“ во надвојводство. Албрехт VI имал конфликт во 1457 година со својот брат за управувањето на Австрија. Конфликтот настанал кога Ладислав V починал, без да остави свои наследници а самиот цар Фридрих не дозволил на неговиот брат да стане негов наследник. Така, во 1458 година Албрехт се побунил, зазимајќи го западниот дел од Австриското војводство, во денешна Горна Австрија, а како седиште му станал градот Линц. Во 1458 година Албрехт VI успеал да биде прогласен за надвојвода[1] .

Под влијание на неговата сопруга Мехтхилд, на 21 септември 1457 година Албрехт VI го основал универзитетот во Фрајбург (Albert-Ludwigs-Universität Freiburg).

Албрехт починал ненадејно на 2 декември 1463 година во Виена.

Семејство[уреди | уреди извор]

Албрехт VI се оженил на 10 август 1452 година за Мехтхилд фон Пфалц (1419-1482), вдовица на грофот Лудвиг I од (1412-1450), ќерка на изборниот кнез Лудвиг III. Двајцата немале деца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Albrecht VI (англиски). Austria-Forum. Посетено на 29 март 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Preceded by:
Ернест Железниот
Војвода од Штаерска
Војвода од Корушка
Војвода од Крањска
1424–1463
со Фридрих III
Succeeded by:
Фридрих III
Preceded by:
Ладислав V
Надвојвода на Австрија
1457–1463
with Фридрих III