Прејди на содржината

Јордан Витанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Витанов
Роден 13 јануари 1958(1958-01-13)(67 г.)
Велес, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Погрешно време
Јас сум од Титов Велес
Проколнати
На Балканот не се пие чај
Македонски народни приказни
Последниот Македонец
Занимање глумец
Деца Ненад Витанов

Јордан Витанов (Велес, 13 јануари 1958 ) — македонски театарски и филмски глумец и режисер.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Витанов е роден на 13 јануари 1958 година во тогашен Титов Велес[1]. Живее и работи во Велес, а по родителите води потекло од велешките села Грнчиште каде особено ја помогнал обновата на селската црква[2] и Горно Чичево. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 година, тој е член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес[1], каде во два мандата (1999-2002 и од 2006-2017) бил и директор на истиот[3]. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.

Од многуте забележителни остварувања посебно треба да бидат истакнати улогите на Содо Арамијата во претставата „Крчма на патот за Јевропа“ од Жанина Мирчевска, во режија на Коле Ангеловски. За оваа улога Јордан Витанов ја добил наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е на награда за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал „Боспорски Агони“ во Керч, Украина, за улогата на ликот Филоктет во истоимената претстава, во режија на Мето Јовановски. Јордан Витанов е добитник и на Деветоноемвриска награда на Општина Велес. Покрај на матичната сцена, остварувал и повеќе ангажмани во други театарски куќи низ државата[4].

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1986Среќна нова '49 ТВ-филм
1989Кога меракот пее ТВ-серија
1991Македонија може ТВ-серија
1993Еурека ТВ-серија
1994Пред дождот ТВ-филмПолицаец
1994Проколнати ТВ-филмВојвода
1995Заборавени ТВ-филмКалуѓерот
1998На Балканот не се пие чај ТВ-филм
2000Погрешно време ТВ-серијаБлаже
2001Прашина ТВ-филм
2003Последниот фалцер ТВ-филмАбдула
2004Големата вода ТВ-филмВојник
2005Крчма на патот кон Европа ТВ-филм
2006Мост ТВ-филмОгнен
2007Јас сум од Титов Велес ТВ-филм
2007Елегија за тебе ТВ-филмБане
2007Цимери ТВ-серија
2010-2013Македонски народни приказни ТВ-серија
2013-2014Тврдокорни ТВ-серијаЈанаки
2014До балчак ТВ-филмТрговец
2014-2015Македонски народни приказни ТВ-серија
2015Последниот Македонец ТВ-филмВангел
2018Ругање со Христос ТВ-филмГенерал
2022Куќен притвор ТВ-серијаВојник 1
2022-2023Бистра вода ТВ-серијаАкадемикот
2023-2025Македонски стари приказни ТВ-серија
2025Утре наутро ТВ-филмТренерот
2025Утре Наутро ТВ-серијаТренерот

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]
  • Награда за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогата на ликот Содо арамијата во претставата „Крчма на патот за Европа
  • Добитник на наградата за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал „Боспорски Агони“ во Керч Украина
  • Награда за главна машка улога за улогата на ликот Благој во претставата „Ноќите во Бел Сатен“ на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“
  • Награда „9 Ноември“ на Општина Велес.
  • Награда „Петре Прличко“
  • Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
  1. 1 2 Стефановски, Ристо (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. Според кажување на мештани. Забележали Марио Шаревски, Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски на 8 декември 2015
  3. „Јордан Витанов - нов директор“. Вечер. 20 декември 2006. Посетено на 23 ноември 2009.[мртва врска]
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-04. Посетено на 2011-08-12.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]