Јас сум од Титов Велес (филм)
„Јас сум од Титов Велес“ | |
---|---|
Плакатот на филмот | |
Режисер | Теона Митевска |
Сценарист | Теона Митевска |
Главни улоги | Лабина Митевска Јовица Михајловски Ана Костовска Николина Кујача Џевдет Јашари Петар Мусевски Митко Апостоловски Младен Крстевски Александар Ѓорѓиев Јордан Витанов Кирил Коруновски |
Музика | Оливие Самуилан |
Дистрибутер | Entre Chien et Loup Silkroad Production Sister and Brother Mitevski |
Премиера | 2008 |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Буџет | 1.300.000 евра |
„Јас сум од Титов Велес“ — македонски игран филм по сценарио и режија на Теона Митевска. Премиерата била одржана на 11 септември 2008 година.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Лабина Митевска - Афродита
- Ана Костовска - Славица
- Николина Кујача - Сафо
- Петар Мирчевски - Виктор
- Џевдет Јашари - Ацо
- Јовица Михајловски - Доктор
- Митко Апостоловски - Бербер
- Драгиша Димитриевски - Професор
- Александар Ѓорѓиев - Чувар на фабриката
- Георги Бисерков - Чувар
- Кети Дончевска-Илиќ - Марија
- Кирил Коруновски - Татко
- Горан Илиќ - Работник
- Љупчо Бреслиски - Грчки чувар 1
- Петар Горко - Грчки чувар 2
- Јордан Витанов - Татко на момчињата
- Љубе Терзијев - Работник 2
- Гордана Ендровска - Љубовницата на Ацо
- Младен Крстевски -
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејствието на филмот ги прикажува животите на три сестри кои живеат заедно во куќа во Титов Велес: најстарата нарко зависничката Славица (Ана Костовска), средната во потрага по нов живот Сафо (Николина Кујача) и најмладта Афродита (Лабина Митевска).[1]
Заднина
[уреди | уреди извор]Според изјави на Теона Митевска, како идеја за филмот послужиле „нејзините сништа“, а голем дел од елементите вклучени во него се имагинарни. Како првична инспирација за „Јас сум од Титов Велес“ послужил извештај кој режисерката го прочитала во црна хроника, во кој имало детали за смртта на две сестри во една опожарена куќа. Самата Митевска живеела во Титов Велес.[1]
Официјалната премиера на филмот под категоријата Панорама била одржана на 13 февруари 2008 година на Берлиналето. Според репортерката Силвера Падори од весникот Дојче Веле, приемот на филмот на наведениот фестивал предизвикал тажна реакција меѓу гледачите поради неговата содржина.[1]
Награди
[уреди | уреди извор]- Специјална награда на жирито од 13. Сараевски филмски фестивал
- Награда за најдобра женска улога на Лабина Митевска од Филмскиот фестивал во Приштина
- Специјална златна плакета за најдобар филм од Филмскиот фестивал во Приштина
- Специјалната награда на жирито за режисерката Теона Стругар-Митевска од 9 филмски фестивал Лече, Италија
- Награда за најдобар глумец на Лабина Митевска од 9. филмски фесивал Лече, Италија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Падори, Силвера (13 февруари 2008). „"Јас сум од Титов Велес" синоќа на Берлиналето“. Дојче Веле. Посетено на 10 август 2014.