Димитар Гешоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Гешоски
Роден 14 септември 1928
Прилеп, Македонија Македонија
Починал 28 октомври 1989(1989-10-28) (возр. 61)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Денови на искушение
Нели ти реков
Црвениот коњ
Трговецот од Солун
Илинден
Најдолгиот пат
Занимање глумец

Димитар Гешоски (роден на 14 септември 1928 во Прилеп - починал на 28 октомври 1989 во Скопје) — театарски, филмски и телевизиски артист. Во својата богата уметничка дејност остварил над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови.

Животопис[уреди | уреди извор]

Димитар Гешоски учествувал во формирањето на првиот професионален драмски ансамбл во Прилеп во 1950 година. Професионалната кариера ја продолжил во Скопје како член на Драмата при Македонскиот народен театар од 1958 до 1964 година кога станал член на Драмски театар - Скопје.

Димитар Гешоски бил член на првиот изведувачки состав на Градскиот народен театар во Прилеп и бил еден од неговите најангажирани, најамбициозни и најталентирани глумци. На сцената на професионалната театарска куќа во родниот град играл скоро една деценија, по кое својата кариера ја продолжил во Скопје (Македонски Народен театар, Драмски театар и Естрада-59).

Гешоски учествувал во поголем број на театарски претстави, како: “Кралот на Бретањова’’ од Иван Цанкар, “Без вина виновник’’ од Островски, “Ружа на ветровите’’ од Шпак, “Вујко Вања’’ од Чехов, “Вејка на ветрот’’ од Коле Чашуле, “Како Џими’’, “Случајот форестер’’ од Брикли, “Заеднички стан’’ од Добричанин и многу други.

Како еден од водечките глумци на Народниот театар во Прилеп во првата негова деценија, Гешовски повремено се занимал и со режија. Ја постави комедијата „Роднини од Америка“, реализира и една куклена претстава. Освен тоа, тој бил активно вклучен и во некои други медиуми (филмот, радиото, телевизијата).

Димитар Гешоски е добитник на неколку признанија, меѓу кои и на наградата „13 Ноември“.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Гешоски има остварено бројни филмски улоги:[1]

Филмографија на глумецот Димитар Гешоски
Год. Назив Улога
1950-ти
1957 Мал човек ТВ-филм
1958 Мис Стон ТВ-филм
1960-ти
1961 Солунските атентатори
1965 Денови на искушение Тодор Иванов
1967 Каде по дождот ТВ-филм Службеник
1967 Мементо /
1967 Македонска крвава свадба /
1968 Планината на гневот /
1969 Враќање од рајот ТВ-филм
1969 Време без војна /
1969 Сеништа ТВ филм /
1969 Итрата вдовица ТВ филм /
1970-ти
1970 Мртва стража ТВ филм /
1970 Вујковиот сон ТВ филм /
1971 Веселиот Иван Гулабин ТВ-филм
1972 Истрел /
1972 Настан можеби последен ТВ филм /
1972 Пријатели ТВ-филм
1973 Смилевскиот конгрес ТВ филм Анастас Лозанчев
1974 Како се сакаа Пертеф и Леонида ТВ-филм
1975 Сребрено јаболко ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ серија /
1975 Светецот од Слатина ТВ филм /
1975 Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ филм /
1975 1976 Патот кон иднината ТВ серија /
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Солунчанец
1977 Сакате ли уште едно парче торта ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ серија Трајко
1977 Нели ти реков ТВ филм /
1978 Најдолгиот пат ТВ-серија Солунчанец
1979 Курирот на Гоце ТВ серија Томе
1980-ти
1980 Учителот ТВ филм /
1980 Оловна бригада /
1981 Црвениот коњ Пени
1981 Булки крај шините ТВ серија /
1981 Првите цутови ТВ-серија Дедото
1982 Илинден ТВ серија /
1982 Тумба, тумба, дивина ТВ филм /
1982 Едно лето ТВ серија /
1983 Црвениот коњ ТВ-серија Пени
1984 Јуначко колено ТВ серија /
1984 Нели ти реков /
1984 Комедијанти ТВ серија Татко на наивката
1985 Трговецот од Солун ТВ филм /
1987 Трето доба ТВ серија /
1988 Еурека ТВ-серија
1989 Тврдокорни ТВ-серија
1990-ти
1992 Време, живот /

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1966 - 13 Ноемвриска награда за камерата во филмот за Киро Билбиловски Нели ти реков Архивирано на 28 септември 2007 г.
  • 1984 - ФЈИФ, Пула, Награда за најдобар плакат за Владимир Боројевиќ
  • 1984 - МФФ, Лос Ангелес, Трета награда за филмскиот плакат за Владимир Боројевиќ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dimitar Gesovski“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]