Мери Бошкова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мери Бошкова
Meri boskova.jpg
Роден 2 мај 1924
Битола
Починал 25 март 2014
Скопје
Националност Македонка
Познат по улогата во:
Фросина
Ангели на отпад
Чорбаџи Теодос
Занимање глумица

Мери Бошкова (Битола, 2 мај 1924 - Скопје, 25 март 2014) — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица, доајен на македонската глумечка уметност.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина“ (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедијаМирно лето“ (1961)[2], во режија на Димитрие Османли. Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата глумечка кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа ( "Еригон "- од Ј. Плевнеш ), како и голем број на високи сојузни и републички признанија - награда на Владата на ФНРЈ , Владата на НРМ, наградите "11 октомври " и " 13 Ноември", наградата за животно дело и др.

Со своите први настапи во родната Битола, го свртува вниманието на публиката и критиката. Таа е носител на главните рољи со кои се прославува и во Македонскиот народен театар во Скопје: Живка во „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, Дездемона од шекспир, Бароница Кастели во „Господа Глембаеви“ и „Нора“ од Хенрик Ибзен.

Скоро една деценија живее и твори во Драмата на Народниот театар во Белград, каде се прославува со: „Коштана“ од Бора Станковиќ, „Тетовирана ружа“ од Тенеси Вилијамс и др.

По враќањето во Скопје носител е на главните рољи на македонската сцена сè до пензионирањето, но сепак не се повлече. Таа останува со својата животна улога на Живка Министерка, со која творба се вбројува меѓу најдобрите улоги на југословенската сцена.

Освен на „даските што значат живот“ ,таа е активна и во радио драма, ТВ драми, како и на филмскиот екран. Нејзина последна филмска глумечка творба е на филмскиот екран во филмот на Димитрие Османли, „Ангели на отпад“. Мери Бошкова починала на 25 март 2014 година во Скопје.[3] Погребана е на градските гробишта Бутел во Скопје.[4]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1952. Фросина ТВ-филм Фросина
1959. Човек судбина ТВ-филм
1959. Три стрели на Купидон ТВ-филм
1961. Мирно лето ТВ-серија Нада
1961. Судење Мери Дуган ТВ-филм
1962. Коштана ТВ-филм Ката
1966. До победата и по неа ТВ-филм
1969. Банја ТВ-филм
1969. Сеништа ТВ-филм Хелена
1970. Слики на дрво ТВ-филм
1970. Вујковиот сон ТВ-филм
1975. Шути и рогати ТВ-филм
1975. Бели памук ТВ-филм
1975. Зар и ти Сотире ТВ-филм
1976. Најдолгиот пат ТВ-филм Мајката
1976. Војвода Спиро црне ТВ-филм
1982. Илинден ТВ-серија
1983. Ликвидатор ТВ-филм
1987. Народни трибини ТВ-серија
1987. Чук чук Стојанче ТВ-серија
1987. Чорбаџи Теодос ТВ-филм Кева
1993. Крик на немиот Индијанец ТВ-филм
1995. Ангели на отпад ТВ-филм Мими
1995. Во светот на бајките ТВ-серија
1998. Збогум на 20-тиот век ТВ-филм
2001. Народен пратеник ТВ-филм
2006. Мост ТВ-филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Борис Вишински и Перо Коробар (1966). 20 години образование, култура и наука во СР Македонија. Нова Македонија.
  2. „Мери БОШКОВА - глумица“. Архивирано од изворникот на 2013-11-10. Посетено на 2011-06-08.
  3. Почина глумицата Мери Бошкова[мртва врска], !Нова Македонија, 26 март 2014.
  4. http://daily.mk/makedonija/pochina-akterkata-meri-boshkova-3

Надворешни врски[уреди | уреди извор]