Самоил Дуковски
| Самоил Дуковски | ||
| Роден | 1929
Галичник, Кралство СХС/Југославија | |
|---|---|---|
| Починал | 26 мај 2011 (возр. 81–82) Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Занимање | глумец | |
Самоил Дуковски (Галичник, 1929 – Скопје, 26 мај 2011 ) — македонски филмски и театарски глумец.
Животопис
[уреди | уреди извор]Дуковски е роден во 1929 година во Галичник. Средна државна театарска школа завршил во 1950 година, а со професионална актерска дејност почнал да се занимава од 1955 година. Првите неколку години од неговата кариера ги поминал на сцената на Македонскиот народен театар, а позначајни улоги остварил во делата на Молиер, Иљоски и на Ретиген.
Во Драмскиот театар настапувал од 1959 година. Дуковски интензивно играл на сите три сцени и во неговата актерска кариера одиграл над 85 улоги. Посебно се истакнал во насловните ролји на пиесите "Балада за поручникот и Марјутка" од Крефт, "Грдко" од Ѓокиќ, "Александра" од Арсовски, "Среќен пат" од Розов, "Дундо Марое" од Држиќ, "Јане Задрогаз" од Стефановски, "Кралот на елените" од Гоци и "Дон Жуан" од Молиер.
Дуковски се занимавал и со пишување драмски текстови, а некои од нив биле изведени на театарските сцени. Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои Медал за заслуги за народ во 1947 година, Плакета на градот Скопје во 1969 година.[1] Починал на 82 годишна возраст на 26 мај 2010 година во Скопје, каде што и почива.
Филмографија
[уреди | уреди извор]| Филмографија на глумецот Самоил Дуковски | |||
|---|---|---|---|
| Год. | Назив | Улога | |
| 1960-ти | |||
| 1967 | Каде по дождот | / | |
| 1967 | Мементо | / | |
| 1970-ти | |||
| 1972 | Истрел ТВ-филм | Дуко | |
| 1973 | Залез над езерската земја | / | |
| 1976 | Сослушувањето на железничарот | ||
| 1977 | Сакате ли уште едно парче торта | ||
| 1979 | Наши години ТВ-серија | Тошо | |
| 1980-ти | |||
| 1981 | Црвениот коњ | / | |
| 1985 | Тетовирани души | ||
| 1989 | Цвеќе на карпата ТВ-филм | Пациент | |
| 1990-ти | |||
| 1991 | Тетовирање | / | |
| 1995 | Ангели на отпад | Пензионерот | |
| 1998 | Збогум на 20-тиот век | Деверот | |
| 1999 | Каца | Комшија 1 | |
| 2000-ти | |||
| 2000 | Големи и мали | Минувачот | |
| 2006 | Мост | Анастасије | |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Почина глумецот Самоил Дуковски“. Нова Македонија. 27 мај 2011. Посетено на 2011-12-04.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Самоил Дуковски[мртва врска] на МИФЦ
- Самоил Дуковски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)