Прејди на содржината

Мара Исаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марија Исаја
Родена 7 септември 1927
Плоешт, Кралство Романија
Починала 23 октомври 2006(2006-10-23) (возр. 79)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање глумец
Роднини Јон Исаја (брат)

Мара Исаја (родена во 7 септември 1927 во Плоешт - починала на 23 октомври 2006 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Исаја е родена во Плоешт, Романија, во 1923 година, како дете на македонски печалбар од Тетово[2]. На само 16 години се запишала на Конзерваториум за драмски уметности во Букурешт, а напоредно учела и гимназија. Како една од најдобрите студентки, дипломирала на 18 години. Првиот глумечки ангажман го добила во елитниот Народен театар во Букурешт, во кој членувала до 1951 година, кога заедно со семејството дошла во Македонија. Во Македонскиот народен театар е вработена од 1954 година, а во 1964 година, заедно со една поголема група на истакнати глумци од МНТ премина во тогашниот Младинско-детски, денес Драмски театар, каде што најзиниот раскошен глумечки талент дошол до полн израз[2]. Упорна, професионална и фанатично работлива, во текот на следните три децении, Исаја одиграла редица различни театарски и филмски улоги. Таа останала запаметена по антологиската претстава „Столови“ од Јонеско, кога остварила бравурозна улога, заедно со својот брат Јон Исаја, во 1980 година. Тоа била првата претстава од Јонеско, поставена на театарска сцена во Македонија. Добитник е на „Наградата „13 Ноември“, а во 2005 година, на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, ѝ била доделена Наградата за животно дело. Починала на 23 октомври 2006 во Скопје[3].

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Толкувала големи улоги на радиото и на телевизијата, а за своите успешни настапи во македонските играни филмови „Мементо“ и „Планината на гневот“ била наградена на Филмскиот фестивал во Ниш, Србија.

Година Филм Улога
1961Мирно лето ТВ-филм
1967Мементо ТВ-филм
1967Македонска крвава свадба ТВ-филм
1969Планината на гневот ТВ-филмКалина
1970Цената на градот ТВ-филмСтарица 2
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1971Некаде морам да те чекам ТВ-филм
1973Недела ТВ-филмТрендафила
1977Исправи се, Делфина ТВ-филмСопругата на француската обала
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серија
1982Гласот ТВ-филмАббес
1983Црвениот коњ ТВ-серија
1984Го мемираше мојот јастреб ТВ-филмСопругата на Сулејман
  1. Ivan Ivanovski (1997). Osnovopoložnici na akterskata umetnost vo Makedonija. MM.
  2. 1 2 „Мара Исаја беше една од најкултивираните глумици во Македонија“. Утрински Весник. 25 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2011-01-02.
  3. „Култура и спорт: Македонските новинари и фотографи добија награди на ОН“. Ѕеtimes. 25/10/2006. Посетено на 2011-01-02. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]