Плоешт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плоешт
Регионален центар
Casa Luca Elefterescu, azi Muzeul Ceasului "Nicolae Simache" (2).JPG
Ploiesti-Catedrala-3.JPG BancaRomaneasca-2.JPG
Casa Ghiță Stoenescu, azi clinica Alfa Medical Center, Bd. Independenței nr. 27, Ploiești (1).JPG Casa Radu Stanian, fosta Casa Căsătoriilor, Ploiești (2).JPG
Грб на Плоешт
Грб
Прекар(и): Capitala Aurului Negru
(македонски: Град на црното злато)
Плоешт се наоѓа во Романија
Плоешт
Location of Ploiești within Romania
Координати: 44°56′ СГШ 26°02′ ИГД / 
Земја  Романија
Окрузи во Романија Плоешт
Статус County seat
Површина
 • Регионален центар 58,28 км2
Надм. вис. 160 м
Население (2011)[1]
 • Регионален центар 209.945
 • Густина 3.394/km2
 • Метро 266.4571
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Поштенски код 100xxx
Повик. бр. (+40) 44
Регистарски табли PH
Мреж. место ploiesti.ro

Плоешт (романски: Ploiești, унгарски: Brassó) — град во југоисточниот дел на Романија и административен центар на округот Плоешт, во историскиот регион на Влашка. Градот се наоѓа на 56 километри северно од Букурешт. Областа зафаќа површина од околу 60 км2.

Плоешт е важен сообраќаен центар, кој го поврзува градот Букурешт со Трансилванија и Молдавија. Според романскиот попис во 2011 година, во градот живеат 201.226 луѓе, што го прави на 9-ти најнаселен град во Романија.

Историја[уреди | уреди извор]

Според легендата овчарот Мош Плоаје (Moş Ploaie) застанал да одмори заедно со седум овци на ливада меѓу борова шума која некогаш се наоѓала на овие места. Откако се засолнил на ова место, каде имало свежа вода и земјата била плодна, тој решил да остане на тоа место, основајќи го населеното место кое било наречено според него. Според легендата во местото имало седум куќи и еден женски манастир.

Археолошките ископувања сведочат за присуство на античка населба од мезолитот во западниот дел на Плоешт и друга населба од неолитот во северниот дел на градот. Исто така биле пронајдени и траги од бронзено време, од периодот 7-6 век п.н.е.

За основањето на Плоешт и неговите први доселеници има малку писмени сведоштва. Според познатиот романски историчар Николае Балческу, градот најверојатно постоел во времето на Мирчо Стариот (околу 1413 година). Документарни историски податоци за Плоешт се појавиле во 1503 година. Присуството на трговци по пазарите во Трансилванија сведочат за тоа дека градот бил познат и располагал со економска база, која му дозволувала да ги продолжи трговските врски со градовите надвор од планината.

Железничката станица во градот била отворена во 1882 година. Кон крајот на 19 век биле изградени и неколку училишта и болници.

Градот доживеал вистински индустриски и комерцијални бум со отворањето на нафтените наоѓалишта во регионот. Околу градот се појавил синџир од нафтени рафинерии. Во градот по овој период биле отворени многубројни продавници, работилници и образовни институции.

Во текот на Втората светска војна, градот најпрвин во 1940 година доживеал голем земјотрес, со сериозни оштетувања, но Германците продолжиле да го користат градот како извор на нафтени деривати[2]. На 1 август 1943 година и во текот на летото на 1944 година градот бил бомбардиран од американските воздухопловни сили и градот се соочил со сериозни оштетувања. Во август 1944 година градот бил ослободен од советската армија. По 1944 година, за време на комунистичкиот режим, нафтената индустрија била национализирана, по кој започнал период на обиди за модернизација на земјата и поправка на штетите од војната.

Географија[уреди | уреди извор]

Плоешт се наоѓа во центарот на Мунтенија, во централниот северен дел на Романската рамнина. Се наоѓа во близина на главниот град Букурешт. Градот зафаќа вкупна површина од околу 60 км2, од кои 35 км2 се приградски населби. Постојат две реки во близина на градот: реката Прахова, на југо-запад, која кратко поминува низ градот преку населбата Брази и реката Телеџен. Градот се наоѓа на реката Дамбу, што извира од ридовите околу градот Бајкој.

Блиски градови[уреди | уреди извор]

Град Насока Должина
праволиниско растојание патно растојание железничко растојание
Букурешт S 56 km 60 km 59 km
Браила E 155 km 170 km 176 km
Питешти W 91 km 111 km 149 km
Брашов NW 86 km 114 km 110 km
Трговиште V 46 km 51 km 52 km
Бузау NE 66 km 71 km 69 km
Урзичени SE 55 km 60 km 55 km

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е слична на онаа на главниот град на државата, Букурешт. Градот е во рамките на умерено влажна континентална клима. Просечната годишна температура изнесува 10,5°С, со минимален рекорд регистриран на 25 јануари 1952 година од -30°C, и максимален рекорд регистриран на 19 јули 2007 година од 43°C. Во просек, околу 17 денови се многу ладни во годината, 26 ладни, 99 топли и 30 многу топли, додека останатите имаат умерена температура.

Климатски податоци за Плоешт
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 1
(34)
4
(39)
10
(50)
18
(64)
23
(73)
27
(81)
28
(82)
28
(82)
24
(75)
18
(64)
10
(50)
3
(37)
16.2
(61)
Прос. ниска °C (°F) −6
(21)
−3
(27)
0
(32)
6
(43)
10
(50)
14
(57)
16
(61)
15
(59)
11
(52)
6
(43)
1
(34)
−3
(27)
5.6
(42)
Прос. врнежи мм (ин) 40.6
(1.6)
35.6
(1.4)
38.1
(1.5)
45.7
(1.8)
71.1
(2.8)
76.2
(3)
63.5
(2.5)
58.4
(2.3)
43.2
(1.7)
33
(1.3)
48.3
(1.9)
43.2
(1.7)
596.9
(23.5)
Извор: Weather Channel

Демографија[уреди | уреди извор]

Бројот на населението во Плоешт се зголемило поради интензивниот економскиот развој на оваа област. Во 1810 година, во текот на годините на османлиското владеење, во градот имал само околу 2.024 жители. Во 1837 година оваа бројка се зголемила на 3.000 жители, во 1859 година, по единаесет години од основањето на унијата, бројот на населението се зголемил на 26.458, додека во 1884 година бројот изнесувал 32.000 жители. Во почетокот на 20 век, населението на Плоешт се зголемило уште повеќе, поради проширувањето на нафтената индустрија. И покрај тоа што градот бил бомбардиран во текот на Втората светска војна, населението во 1948 година било 95,632 жители.

Попис Етнички состав
Година Население Романци Унгарци Германци Срби Евреи Роми Руси Грци Украинци
1930 79,149 69,139 1,591 1,307
2011 201,226 199,221 109 69 - - 1289 44 - 8
Население во минатото
Година Нас. ±%
1810 2.024 —    
1859 26.468 +1207.7%
1899 45.107 +70.4%
1912 56.460 +25.2%
1930 79.149 +40.2%
1948 95.632 +20.8%
1956 114.544 +19.8%
1966 146.922 +28.3%
1977 199.699 +35.9%
1992 252.715 +26.5%
2002 232.527 −8.0%
2011 209.945 −9.7%
Извор: Census data

Во 1912 година, бројот на жители на градот изнесувал 56.460 лица, додека во јануари 1992 година овој број изнесувал 252.715 лица. По падот на комунизмот, бројот на населението започнал да се намалува поради постојаната емиграција и опаѓање на наталитетот. Според пописот од 2002 година, населението се намалило на 232.527[3], додека во 2011 година населението се намалило на 197.542 жители. Целиот регион на Плоешт има вкупно население од 266.457 жители.[1].

Поголемиот дел од жителите се Романци (90,64%) и Роми (2,4%). За 6,65% од населението, етничката припадност не е позната[4]. Поголемиот дел од луѓето кои живеат во градот се православни христијани (90,7%).[5].

Економија[уреди | уреди извор]

По Романската револуција од 1989 година, Плоешт доживеал брз економски раст благодарение на големите инвестиции од странски компании. Градот се наоѓа на само 60 километри северно од Букурешт, со добра инфраструктурна поврзаност. Плоешт е голем индустриски центар, кој е фокусиран на производството на нафта. Иако производството на нафта во регионот се намалува постојано, сеуште е просперитетна преработувачката индустрија која преку цевководи е поврзана со Букурешт, со црноморското пристаниште Констанца и пристаништето на Дунав, Ѓурѓу. Градот исто така има долга историја како текстилен центар.

Во градот свое седиште имаат отворено компании како OMV-Petrom, Lukoil, Shell Gas, Timken, Yazaki, Coca Cola, Efes Pilsener, British American Tobacco, Federal-Mogal, и Interbrew и трговците на мало како Carrefour, Metro, Selgros, Kaufland, Billa, Bricostore, Praktiker, Lidl, Obi, Auchan, Profi и Mega Image. Во градот постојат и два ресторани на McDonald's и три на KFC.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Автопатот А3
Дом на културата
Градскиот парк
Железничка станица
Стадион

Плоешт се наоѓа на автопатот А3 (делумно завршениод пролетта 2014), на главниот пат кој ги поврзува северните и западните провинции на Романија, како и Западна Европа. Меѓународниот Аеродром Анри Коанда се наоѓа на 45 километри од градот, ски-центрите на Прахова се наоѓаат на помалку од еден час возење од градот.

Плоешт е вториот најважен железнички центар во земјата по Букурешт, поврзувајќи го Букурешт со Трансилванија и Молдавија. Системот за јавен превоз во градот е воден од страна на компанијата Călători Express и вклучува широка мрежа на автобуси, тролејбуси и трамваи. Карактеристичниот жолт автобус е еден од најмодерните во Југоисточна Европа. Дневно се транспортираат околу 150.000 патници. Општинските патишта се состојат од над 800 улици со вкупна должина од 324 километри. Околу 5.300 возила транзитираат во градот секој ден. Општинскиот возен парк се состои од 216 автобуси, 32 трамваи и 25 тролејбуси со околу 70 милиони патници годишно. Има 33 автобуски линии, со вкупна должина од 415,46 километри и две трамвајски линии со вкупна должина од 23,8 километри.

Култура[уреди | уреди извор]

Плоешт е дом на Плоештската филхармонија, еден од најдобрите оркестри во Романија. Во градот постојат голем број на културни и архитектонски споменици, вклучувајќи ги Домот на културата, Музејот на часовникот во кој се наоѓаат колекција на часовници собрани од страна на Николае Симаче, Музејот на нафтата, Музеј на уметноста.

Образование[уреди | уреди извор]

Првото училиште во Плоешт било отворен во 1777. Средното образование започнало со предавања во 1864 година.

Плоешт е дом на следниве универзитети и колеџи:

  • Универзитет за нафта и гас, основан во 1948 година[6]
  • Универзитет Георге Баритиу, основан во 2002 година[7]

Поважни средните училишта во градот се:

  • Училиште И.Л.Караџале
  • Училиште Михај Храбриот
  • Училиште Жан Моне
  • Училиште Спиру Харет
  • Училиште Никита Станеску

Политика[уреди | уреди извор]

    Партија Места Моментален состав
51.9% СЛС 14                            
37% ДЛП 10                    
11.1% НП 3      

Спорт[уреди | уреди извор]

Фудбалкиот клуб Петропул бил основан во 1924 година и е најстар фудбалски клуб во градот. Клубот своите домашни натпревари ги игра на стадионот Илие Оана, кој има капацитет од 15.500 седишта[8]. Клубот бил четири пати шампион на Романија во сезоните 1929–30, 1957–58, 1958–59, 1965–66, три пати победник во националниот куп во сезоните 1962–63, 1994–95, 2012–13 и два пати победник во романскиот суперкуп во 1995 и 2013 година.

Во градот се наоѓа и седиштето на женскиот ракометен клуб Плоешт, кој бил основан во 2004 година и кој настапува во Првата ракометна женска лига на Романија[9]. Клубот се натпреварува во спортската сала Олимпија, која има капацитет од 3,500 гледачи.

Во градот се наоѓа и седиштето на кошаркарскиот клуб КК Асесофт Плоешт, кој бил основан во 1998 година и кој настапува во Првата кошаркарска лига на Романија. Клубот се натпреварува во спортската сала Олимпија. Клубот се натпреварува во спортската сала Олимпија, која има капацитет од 3,500 гледачи. Клубот бил единаесет пати шампион на Романија во сезоните 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, шест пати победник во националниот куп во сезоните 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и еднаш победник во ФИБА Еврокуп челенџ во 2005 година.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „2011 Census press release“ (на romanian). INSSE Prahova. 2 февруари 2012. http://www.prahova.insse.ro/phpfiles/Comunicat%20-%20DATE%20PROVIZORII%20RPL%202011%20PRAHOVA.pdf. конс. 10 март 2012 г. 
  2. Video: American Bombers Smash Axis Oil Fields In Romania Etc. (1943). Universal Newsreel. https://archive.org/details/gov.archives.arc.38971. конс. 21 февруари 2012 г. 
  3. 2002 Census
  4. 2011 census results: „Tab8. Ethnicity data – counties, cities and villages“. National Institute of Statistics - România. јули 2013. http://www.recensamantromania.ro/wp-content/uploads/2013/07/sR_Tab_8.xls. конс. 5 август 2013 г. 
  5. 2011 census results: „Tab13. Ethnicity data – counties, cities and villages“. National Institute of Statistics - România. јули 2013. http://www.recensamantromania.ro/wp-content/uploads/2013/07/sR_TAB_13.xls. конс. 5 август 2013 г. 
  6. www.upg-ploiesti.ro/
  7. www.universitateagbaritiu.ro/index.php?option=com_content&view=article&id=68&Itemid=385
  8. Stadium“, „FC Petrolul Ploiești“. (на Romanian)
  9. CSM Ploiești“, 25 мај 2014. (на Romanian)
  10. „Radom - Miasta partnerskie“ (на polish). Miasto Radom [City of Radom]. архивирано од оригиналот на 3 април 2013. https://web.archive.org/web/20130403215958/http://www.radom.pl/page/192,miasta-partnerskie.html. конс. 7 август 2013 г. 
  11. „Radom - miasta partnerskie“ (на polish). radom.naszestrony.pl. http://radom.naszestrony.pl/?info=miasta_partnerskie. конс. 7 август 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]