Исправи се, Делфина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Исправи се, Делфина“
Исправи се, Делфина.jpg
Плакат на филмот
Режисер Александар Ѓурчинов
Сценарист Александар Ѓурчинов
Настапуваат Столе Аранѓеловиќ
Неда Арнериќ
Дарко Дамески
Слободан Димитриевиќ
Диме Илиев
Музика Славе Димитров
Кинематографија Киро Билбиловски
Монтажа Димитар Грбевски
Лазар Паковски
Дистрибутер Вардар филм
Премиера 1977
Времетраење 101 мин
Држава Македонија Македонија
Јазик македонски

Исправи се, Делфина“ — македонски филм од 1977 г. на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. Филмот е инспириран од вистински настан - препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи[1][2]. Самата Бојаџи која со прекар „Охридскиот Делфин“ (оттука и името на главната улога) е еден од соработниците на филмот[3], а и се појавува во една сцена од него — при излегувањето од водата од Ламанш[1].

Содржина[уреди | уреди извор]

Сцена од филмот

Филмот е приказна за девојката Делфина (Неда Арнериќ), која додека се обидува да го преплива каналот Ламанш се навраќа на пресвртните моменти од нејзиниот живот, кој, изгледа единствено би добил смисла доколку таа успее во својата мисија. При препливувањето, на бродчето што ја следи се нејзиниот тренер Атанас (Дарко Дамески) и нејзиниот пријател Петко (Диме Илиев), кои постојано ја бодрат и ѝ помагаат. Во меѓувреме, Делфина се сеќава „на запознавањето со Младен (Слободан Димитриевиќ), тренерот на републичката репрезентација во пливање, за првите интимни контакти со него, за наставата во угостителското училиште и за членувањето во локалниот пливачки клуб“[3] и др. Во еден критичен момент, кога се чини дека Делфина нема да може да го оствари својот подвиг, Петко скокнува во водата и плива заедно со неа: "Ајде Делфина, ќе пливаме заедно, ајде. Сети се на јагулите..." Благодарение на неговата подршка, таа ја надминува и последната криза и конечно, успева да го преплива Ламанш. По повод нејзиниот успех, во Скопје се одржува свечен прием на кој присуствува и Младен. Сепак, Делфина се поздравува со Петко и потоа „заминува по патот што самата го одбрала[3].

Места во филмот[уреди | уреди извор]

Почетните сцени од филмот кога Делфина пред себе го гледа каналот што треба да го преплива се снимени на пристаништето и низ улиците на Булоњ на Море (Boulogne-sur-Mer), Франција. Сцената кога влегува во морето за да го преплива Ламанш е снимена на Големата Плажа во Улцињ, јужно од Будва. Останатите сцени додека плива и излегува од водата се снимани на Охридското Езеро.

Контроверзи[уреди | уреди извор]

Филмот го опишува животот на Атина Бојаџи до септември 1969 година, односно до нејзиниот најголем успех во кариерата.

Вообичаено е за ваков тип на филмови да има истовремено многу контроверзи кои не влијаат врз целокупниот естетски домен. Во многу сцени од филмот се појавуваат работи кои не се карактеристични за тоа време, односно се карактеристични за седумдесетите, како на пример не биле изградени Градскиот трговски центар ГТЦ, Градски ѕид - Скопје, мостот Гоце Делчев - Скопје, хотел "Метропол" - Охрид, хотел "Континентал" - Скопје, се плива во базенот на СРЦ Милан Гале Мушкатировиќ во Белград (изграден 1973 г.), потоа постери за концерт на Златко Пејаковиќ, масерката во младинскиот клуб ја потсетува Делфина на "одамна одржаното" Европско првенство во атлетика во 1970 година, се пливаат квалификации за Европското младинско првенство во пливање во Осло 1976 година, по улиците на Скопје, Булоњ на Море и Охридските хотели се возат автомобили кои не постоеле во шеесетите години на минатиот век, итн.

Извадоци[уреди | уреди извор]

На вакви таленти треба да им се помогне. Кажи малечка, сакаш да снимиш плоча или да настапиш на телевизија, а? Речи само, имаме ние пријатели. Да, ќе те лансираме, чесен збор. Па и зошто да не !?! Ај да загубиме некое милионче, како на пример со рекламните костуми на Делфина. Нема врска, наши сме. Знам, знам што сакаш да речеш: едно губиш, друго добиваш. Ги знам јас приказните на рекламните агенти, сите сте исти, грабате каде што ќе стигнете, а друг ви ги плаќа сметките, та после: згрешиваме шефе, ќе се извадиме со нови таленти.

Реакции и награди[уреди | уреди извор]

Реакции[уреди | уреди извор]

„Филмот „Исправи се Делфина'“ е добитник на бројни југословенски и меѓународни признанија и е еден од најбараните македонски играни филмови во светот“[3]. Оценет е како „ремек-дело““[1], а и како „можеби најкултниот македонски филм“ [4]. Една од неговите предности е тоа што тој е „еден од првите со поурбана и понормална содржина[4]. „Присутноста на актуелниот животен миг во нашиот игран филм, воопшто беше во една постојана медиумска ретардација,“ се вели во рецензијата на „Исправи се, Делфина“ на страницата на Македонскиот информациски филмски центар, па токму „со овој филм Ѓурчинов, всушност, воспостави една — условно кажано — нова жанровска ориентација, што се содржи во изборот на посебни аспекти од современото живење на нашиот човек.[3] И онака култната актерка Неда Арнериќ за својата изведба во Исправи се, Делфина добива „Сребрена Арена“ на Филмскиот Фестивал во Пула и уште повеќе ја зголемува својата популарност.[4]

Награди[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]