Александар Ѓурчинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Ѓурчинов
Роден 30 јануари 1934
Скопје,  Кралство Југославија
Починал 11 септември 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање режисер

Александар Ѓурчинов - Ацо (30 јануари 1934 - Скопје, 11 септември 2015) — македонски филмски режисер и сценарист, најпознат по своето дело Исправи се Делфина.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓурчинов е роден во Скопје на 30 јануари 1934 година, но потекнува од струшкото село Јабланица. Во 1962 година дипломира уметност во Белград. Долги години се занимавал со кино-аматеризам. Во 1958 година го добил првиот професионален ангажман на филм, како асистент по режија во копродукцискиот филм „Дубровски“ на режисерот Вилијам Дитерле. Ѓурчинов бил и асистент и помошник-режисер на повеќе режисери, меѓу кои е и познатиот француски режисер Кристијан Жак, кај кого работел за време на студискиот престој во Париз. Долги години бил директор на „Македонија филм“ од каде дал голем придонес за македонската кинематографија. Добитник е на наградите во 1966, Награда „11 Октомври“ за „Весници, весници“ во 1977 на ФЈИФ Пула, Бронзена арена за режија за „Исправи се, Делфина“, во 1977 на ФФ, Бања Лука,Трета награда за сценарио за „Исправи се, Делфина“, во 1978 на МФФ на спортски филмов во Париз, Награда CIDALC истортака за Исправи се, Делфина“. Починал во Скопје на 11 септември 2015 година.[1]

Филмографија
  • 1959: Дубровски (Асистент на режија)
  • 1961: Мирно лето (Асистент на режија)
  • 1961: Солунските атентатори (Асистент на режија)
  • 1964: Кратовско злато (Асистент на режија)
  • 1964: Светлостите во канон заклучени (Асистент на режија)
  • 1964: Средба на солидарноста (Режија и сценарио)
  • 1965: Весници, весници (Режија)
  • 1966: Мала скопска хроника (Режија и сценарио)
  • 1967: На охридските извори (Асистент на режија)
  • 1970: Празник (Режија и сценарио)
  • 1971: Македонски дел од пеколот (Помошник на режија)
  • 1976: Најдолгиот пат (Асистент на режија)
  • 1977: Исправи се, Делфина (Режија и сценарио)
  • 1977: Матуранти (Режија и сценарио)
  • 1982: Вангел Наумовски (Режија)

Наводи[уреди | уреди извор]


  1. Почина Александар Ѓурчинов. Архивирано од изворникот на 2015-10-21. Посетено на 2015-09-22.