Дарко Дамески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дарко Дамески
Дарко Дамевски.jpg

Дарко Дамески (Прилеп, 12 мај 1932 - Скопје, 12 декември 1983) — еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери.

Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје.

Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност.

Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во „Волчја ноќ “, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти.

Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката.

Биографија[уреди | уреди извор]

Еден од најдобрите Македонски филмски и театарски актери со право е нашиот актер Дамевски Дарко. Тој е роден далечната 12.5.1932 година во Прилеп. На 17 годишна возраст се запишува на школување на тогашната Државна театарска школа во Скопје. Тој уште во текот на школувањето пројавува многу голем интерес за глума. Поради таа причина тој уште во текот на неговото школување настапува во македоснки народен театар и уште во самиот почеток доаѓа до израз неговата приврзаност кон театарот и глумата. Во Маедонскиот народен театар има остварено многу настапи и има остварено многу значајни улоги. Но тој не застанува тука, туку тој се фрла во водите на филмската глума. Дамевски својот прв филмски ангажман го забележува со епизодната улога во првиот македонски филм наречен “ФРОСИНА”. После неговиот доста успешен настап во овој прв македонски филм тој настапува скоро во сите македонски филмови. Во повеќето од тие филмови има настапувано во главната улога,во споредна улога или пак како актер. Неговиот физички изглед односно неговата физиономија ги одредила и ликовите коишто ги има интерпретирано. Тие ликови се воглавно негативци, со одредени исклучоци. Дамевски има многу голем углед и на основањето на драмски театар. Тој во неговиот живот има остварено многу значајни и успешни улоги за коишто добива многу значајни награди и признанија. Едно од неговите најголеми достигнувања беше глумата во филмот “ЦРНО СЕМЕ”, со којашто ја збогатил својата глума со нови изразни средства и бил добитник на наградата “Златна Арена” на фестивал во Пула. Дамевски е активен во полето на актерстовото се до неговата смрт. Тој починал 1983 година во Скопје.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Како што веќе споменавме Дамевски има глумено во многу македонски филмови.Во повеќетето од нив бил носител на главна улога.Филмовите во кои Дамевски играл се следниве: Година Филм Улога

Кратка содржина на некои од филмовите[уреди | уреди извор]

Волчја ноќ[уреди | уреди извор]

Овој филм е снимен 1955 година и е во времетраење од 83 минути.Тој е снимен во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Волчја ноќ е филм од воен жанр од родот на играни филмови.Имено се опишува една ноќ на македонските партизани кои биле во некој планински предел на Македонија под бугарска окупација.Многумина од нив загинуваат во престрелките кои се водат таму, но некои сепак успеваат да преживеат и да им помогнат на другите партизани.Овој филм има освоено две награди.И двете награди ги има освоено во Пула во 1955 година, и тоа Сребрена арена за филм и Златна арена за сценарио на Славко Јаневски.

Мис Стон[уреди | уреди извор]

Овој филм е снимен 1958 година и е во времетраење од 97 минути, снимен во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Филмот е од историски жанр од родот на играни филмови.Елен Стон е Американка која е тргната во мисионерска мисија во Солун.Нејзе ја грабнуваат македонските комити и бараат откуп од турската влада.Таа во почетокот се противи но откако согледува какви злодела прават турските аскери застанува на страната на комити.Овој филм има освоено три награди во Пула, Златна арена за главна машка улога, златна арена за главна женска улога и златна арена за сценографија.Исто така има освоено и две почесни дипломи.Едната во Еднибург, а другата во Њу Делхи.

Виза на злото[уреди | уреди извор]

Филм снимен 1959 година, во времетраење од 89 минути исто така во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Овој филм е од криминалистички жанр од родот на играни филмови.Симон е млад човек кој решил на нелегален пат да се збогати, шверцувајќи дрога.Се разбира поради тоа негово непромислено дело имал несогледливи последици и бил гонет од власти на законот.

Македонска крвава свадба[уреди | уреди извор]

Овој филм е снимен 1967 година во вајдскрин техника со времетраење од 102 минути, во производство на Вардар филм-Скопје.Тој е филм од историски жанр и му припања на родот играни филмови.Во овој филм се разкажува како еден турски бег ја грабнува Цвета и ја води во неговиот харем.За да ја ослободат на Цвета нејзините соселани и некулку дипломатски претставници вложиле напор за нејзино ослободување.Тој нивни труд бил успешен.Тие успеале да ја ослободат на Цвета.Но на денот на нејзината свадба со нејзиниот сакан, Спасе бегот доаѓа со неговите војници и почнуваат пукотници на сите страни.Цвета гине, а Спасе г6о убива бегот и заминува во комити.Овој филм има освоено златна ар4ена за сценографија во Пула и златна плакета со ликот на Ленин по повод прикажувачкиот успех во СССР.

Исправи се, Делфина[уреди | уреди извор]

Филм од 1977 година, во времетраење од 101 минута, снимен во вајдскрин техника, во производство на Вардар филм-Скопје.Тој припања на жанрот психолошки филмови, од родот на играни филмови.Делфина е многу добра пливачка.Таа е решена да ги совлада сите тешкотии и препреки кои ќе и застанат на нејзиниот пат до целта.Нејзината цел е да истрае во совладувањето на водите на канал Ла Манш.Односно таа сака да го преплива истиот канал.Таа поради нејзините крајно исцрпувачки напори со последни сили успева да го преплива Ла Манш и да се исправи на нозе.Така таа ја оставирила својата најголема цел и го постигнала невозможното.Овој филм има освоено многу награди.Како позначајни можат да се издвојат бронзената арена во Пула, наградата за главна женска улога исто така доделена во Пула и др.

Црно Семе[уреди | уреди извор]

Филм снимен 1971 година, во времетраење од 89 минути, снимен во вајдскрин техника, во производство на Вардар филм-Скопје.Филмот Црно семе припаѓа на родот на играни филмови од историски жанр.За време на Граѓанската војна во Грција, во 1946 година, припадниците на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров.Понатаму тие се соочуваат со многу проблеми и морални падови, пред кои некои од нив попуштаат.Овој филм е посебно важен за актерот Дамевски, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено златната арена за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди.Филмот Црно семе има добиено многу награди, од кои вреди да се споменат наградата златна арена за режија, златна арена за најдобра машка улога, златен венец за најдобро дебитанско остварување доделени во Пула, 1971 година.Се разбира Црно семе има добиено и уште многу други награди, кои нема да ги споменеме во оваа пригода.

Останати филмови[уреди | уреди извор]

Дамевски како одличен актер има глумено и во неколку немакедонски филмови кои се снимени во нашите соседни земји.Некои од нив се следниве филмови: “ВОЛКОТ ОД ПРОКЛЕТИЕ” (UKA I BJESHKAVE TE NEMUNA) снимен во 1968 година во Приштина, потоа филмот “СОЛ” (SO) снимен во 1973 година во Сарајево, и филмот “ДОРОТЕЈ” (DOROTEJ) снимен во 1981 година во Белград.Сите овие филмови се од жанрот на играни филмови.

Награди[уреди | уреди извор]

Како еден од македонските врвни актери Дамевски има освоено неколку позначајни награди и многу признанија.Од нив како позначајни можат да се издвојат специјалната награда за филмот “Планината на гневот” која ја има добиено во 1967-та година во Ниш.Како и наградата која претставува врв на неговиот филмски успев, наградата Златна арена која му била доделена на фестивал во Пула во 1971-та година.Потоа наградата Голема повелба за главна улога која му била доделена истата година за истиот филм во Ниш.Како и Републичката награда 11 Октомври која му била доделена во 1972-та година повторно за филмот “Црно Семе”.Се разбира има и многу други награди и признанија кои Дамевски ги има освоено а кои нема да ги спомене.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]