Фросина (филм)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
„Фросина“ | |
---|---|
![]() Фросина | |
Режисер | Воислав Нановиќ |
Сценарист | Владо Малески |
Настапуваат | Мери Бошкова Ацо Јовановски Петар Вељановски Предраг Наѓа Петре Прличко |
Жанр | драма |
Музика | Трајко Прокопиев |
Дистрибутер | Кино Култура |
Премиера | 28 јуни 1952 |
Времетраење | 79 мин. |
Држава | ![]() |
Јазик | македонски |
Фросина e првиот македонски игран филм по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Претставен е во 1952 г. Снимател бил Киро Билбиловски, а музиката ја компонирал Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов. Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското кино „Култура“[1].
Главната улога, ликот на мајката, го толкува Мери Бошкова, а во другите улоги играат Ацо Јовановски, Петар Вељановски, Предраг Наѓа и други.
"Фросина" бил снимен во црно-бела техника, со времетраење од 79 минути, со стандардна техника на 35 милиметри. Жанрот е социјална драма, која ја обработува темата на печалбарскиот живот, војната и трагичниот живот на една мајка.
Улоги[уреди | уреди извор]
- Мери Бошкова како Фросина
- Ацо Јовановски како Климе
- Љупка Арсова како Љуба
- Илија Џувалековски како Крсте
- Петре Прличко како Кузман
- Киро Винокиќ како Лин
- Стојка Цекова како Метијанка
- Борис Бегинов како Ефтим
- Лидија Дебарлиева како Вета
- Кирил Ќортошев како Каравил
- Петар Вељановски како Јане
- Томо Видов како Крсте
- Перица Цветковски како малиот Климе
- Наѓа Регин
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Филмот "Фросина" полни 50 години“. Посетено на 2012-09-02.
![]() |
Оваа статија за филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |