Виза на злото (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Виза на злото“
Режисер Франце Штиглиц
Сценарист Славко Јаневски
Настапуваат Слободан Перовиќ
Илија Џувалековски
Ацо Јовановски
Метка Оцвирк
Дарко Дамевски
Петре Прличко
Жанр трилер
Музика Бојан Адамиќ
Премиера 1959
Времетраење 89 мин.
Држава СР Македонија СР Македонија
Јазик македонски

Виза на злото e македонски игран филм по сценарио на Славко Јаневски, а во режија на Франце Штиглиц. Снимател бил Бранко Михајловски, а музиката ја компонирал Бојан Адамиќ.

Премиерата била одржана во 1959 година.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Симон, млад човек кој решил брзо да се збогати, учествува во шверцувањето на дрога. При една средба со човекот кому треба да му ја предаде стоката ги открива милицијата. Бегајќи, Симон го губи паричникот и претпоставува дека поради тоа неговиот идентитет и е познат на милицијата.

Калпак, бескрупулозен човек и организатор на оваа шверцерска група, инсистира тој и Симон да заминат од земјата. Симон се согласува илегално да ја помине границата. Во аферата случајно се вмешуваат Лена, девојка на Симон, и Цветко, негов брат. На пат тргнуваат сите заедно. Лена се обидува да го убеди Симона да се предаде на власта, но аргументите на Калпак, кој манипулира со изгубениот паричник, се појаки. Во обидот сите заедно да го минат езерото со украден чамец и гонети од милицијата, Калпак загинува, Симон е ранет, а девојката Лена ја истура дрогата во езерските води.