Македонска крвава свадба (филм)
„Македонска крвава свадба“ | |
---|---|
![]() плакат од филмот | |
Режисер | Трајче Попов |
Сценарист | Славко Јаневски |
Настапуваат | Коле Ангеловски Вера Чукиќ Драгомир Фелба Зафир Хаџиманов Драги Костовски Петре Прличко Ристо Шишков Јанез Врховец Павле Вуисиќ |
Музика | Кирил Македонски |
Монтажа | Вангел Чемчев |
Дистрибутер | Вардар Филм |
Премиера | 1 јануари 1967 |
Времетраење | 102 мин |
Држава | ![]() |
Јазик | Македонски |
Македонска крвава свадба е македонски филм од 1967 година, режиран од Трајче Попов, со Коле Ангеловски, Вера Чукиќ, Драгомир Фелба, Зафир Хаџиманов, Драги Костовски, Петре Прличко, Ристо Шишков, Јанез Врховец и Павле Вуисиќ во главните улоги.[1] Филмот е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година.
Кратка содржина[уреди | уреди извор]
Филмот ја раскажува приказната за девојката Цвета (Вера Чукиќ) која е грабната од страна на еден османски бег (Ристо Шишков) и потоа однесена на неговиот харем. Иако бегот се обидува да ја потурчи, нејзината упорност, како и нејзините соселани, предводени од саканикот Спасе (Зафир Хаџиманов) и локалниот поп (Павле Вуисиќ), потпомогнати од дипломатите на големите сили на крајот успеваат да ја ослободат. На денот на нејзината свадба, доаѓаат бегот и неговите војници во обид да ја повратат девојката. Цвета умира, но Спасе успева да го убие бегот и потоа „заминува со комитите“.[1]
Награди[уреди | уреди извор]
- 1968 - ФЈИФ во Пула, „Златна арена“ за сценографијата на Никица Лазаревски
- 1969 - „Златна плакета“ со ликот на Ленин по повод прикажувачкиот успех во СССР[1]
Белешки[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Македонска крвава свадба“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-15.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|