Прејди на содржината

Ацо Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ацо Стефановски
Роден 10 декември 1922
Битола, Кралство СХС
Починал 10 март 1985(1985-03-10) (возр. 62)
Битола, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Добра долина
Златни години
Време на летала
На наш начин
Големата соба
Занимање глумец
Роднини Димче Стефановски (брат)
Деца Илко Стефановски (син)

Ацо Стефановски (Битола, 10 декември 1922 Битола, 10 март 1985 )[1]македонски филмски и театарски глумец, член на Народниот театар во Битола од самото негово основање во 1944 година.[2]

Првиот македонски Хамлет, несомнено еден од најретките уметнички поединци со специфичен глумечки сензибилитет и богат творечки потенцијал. Поминувајќи го сиот свој работен век на „штиците што живот значат“ одиграл 250 улоги, главно водечки.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ацо Стефановски бил роден во Битола на 10 декември 1922 година, каде го завршил основното и средното образование. Професионалниот ангажман како глумец го започнал со самото формирање на Народниот театар од Битола во 1944 година и сите 40 години од својата глумечка дејност ги поминал во овој театар каде бил незаменлив столб во уметничкиот ансамбл, остварувајќи улоги на високо креативно рамниште.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги, а исто така режирал и повеќе театарски претстави.

Поважни театарски улоги[2]

[уреди | уреди извор]
Година Улога Претстава Автор
1958СкупСкупМарин Држиќ
1964ГерлахЗаточениците од АлтонаЖан-Пол Сартр
1966ХамлетХамлетВилијам Шекспир
1966СатинНа днотоМаксим Горки
1967Цар ЕдипЦар ЕдипСофокле
1967МаксимилијанРазбојнициФридрих Шилер
1969МиткеКоштанаБорисав Станковиќ
1969Вили ЛоманСмртта на трговскиот патникАртур Милер
1972Вујко ВањаВујко ВањаАнтон Павлович Чехов
1972Аџи ТрајкоБегалкаВасил Иљоски
1972Борис ПоповДеветтиот бранНикола Јонков Вапцаров
1975ФезлиевЦрнилаКоле Чашуле
1982ТаткотоПешСлавомир Мрожек
1983д-р ФауснерНатемаго на Филозофскиот факултетИво Брешан
1983Илија ЧворовиќБалкански шпионДушан Ковачевиќ

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1955Волча ноќ/
1958Мис Стон/
1967Македонска крвава свадба/
1968Планината на гневот/
1969Републиката во пламен/
1970Цената на градотПрофесорот
1971Македонскиот дел од пеколот/
1972Табакерата ТВ-филм/
1973Добра долина ТВ-филм/
1973Смилевскиот конгрес ТВ-филм/
1974Средба ТВ-филмТанас
1975Волшебното самарче ТВ-серија/
1975Јад/
1977Големата соба ТВ-филмТрпко
1977Нели ти реков ТВ-филм/
1977Малиот одред ТВ-серија/
1978Златни години ТВ-филм/
1979Наши години ТВ-серијаШефот на полицијата
1979Жена од малтер ТВ-филм/
1980Учителот ТВ-филм/
1980Двојка ТВ-филм/
1981Црвениот коњ/
1981Булки крај шините ТВ-серија/
1981Стојче ТВ-филм/
1982Илинден ТВ-серија/
1982Време на летала ТВ-филм/
1982Тумба, тумба, дивина ТВ-филм
1983Записник ТВ-филм/
1983Црвениот коњ ТВ-серија/
1984Јуначко колено ТВ-серија/
1984Нели ти реков/
1985На наш начин ТВ-серијаБимбо
1985Од зад грб ТВ-филм

Награди и признанија[2]

[уреди | уреди извор]
  • Награда на Владата на НРМ (1950),
  • „11 Октомври“ за животно дело (1979),
  • „Стерија“,
  • „Златен венец“ на МЕС Сараево,
  • Глумец на годината на ревијата „Екран“ (1983),
  • Награда на Здружението на драмските уметници на Македонија,
  • „4 ноември“ (двапати),
  • Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]