Кирил Ќортошев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
KKortosev.jpg
Роден 1923
Ќустендил, Бугарија
Починал 11 мај 2003
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Фросина
Македонска крвава свадба
Денови на искушение
Занимање глумец

Кирил Ќортошев (Ќустендил, Бугарија, 1923 - Скопје, 11 мај 2003) — македонски филмски, театарски и телевизиски актер и режисер.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ќортошев е роден во 1923 година во Ќустендил, Бугарија. Од октомври 1945 година станал член на Македонскиот народен театар, каде што, со прекини, поминал 32 години професионален ангажман. Дел од артистичката кариера ја поминал и во Драмскиот театар. Во 1965 година ја добил наградата „13 Ноември“ што ја доделува градот Скопје. Потоа следувале награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Тате во претставата Макавејските празници (Прилеп, 1983); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1996)

Филмографија[уреди | уреди извор]

Улоги
Алојзие Зилбербрант (Господа Глембаеви, 1955); Алфред Дулитл (Пигмалион, 1962); Павле Мариќ (Покојник, 1967); Професорот Зоненбрух(Германци, 1968); Макбет (Макбет, 1969); Херкул (Херкул и оборите на Авгиј, 1971); Грофот Глостер (Крал Лир, 1972); Чорбаџи Теодос (Чорбаџи Теодос, 1978); Капетан Лебајткин (Бесови, 1978); Тате (Макавејските празници, 1983); Грофот (Бунт во домот за старци, 1994).
Режии
Коштана (1956); Сите мои синови (1956); Милионерот (1956); Бегалка (1957); Ученикот на ѓаволот (1957); Вејка на ветрот (1958); Ѓаволштините на Скапен (1958); Умна глава (1983).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стефановски, Ристо (1998). Летопис на македонската драма и на театарот во Македонија. Дирекција за култура и уметност. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]