Прејди на содржината

Ратка Чоревска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ратка Чоревска
Родена 25 февруари 1924
Штип, Кралство СХС
Починала 7 јануари 2016(2016-01-07) (возр. 91)
Битола, Македонија
Занимање глумица
Сопружник Трајко Чоревски
Роднини Илина Чоревска (внука)
Деца Благоја Чоревски
Борис Чоревски

Ратка Чоревска (Штип, 25 февруари 1924 - Битола, 7 јануари 2016 )[1]македонска глумица, доајен на македонската глума.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Чоревска е родена во Штип во 1924 година. Била дел од многу театарски ансамби во Македонија, но и во играни филмови. Таа од 1950 година била дел од Народниот театар во Битола каде што настапувала до 1994 година. Нејзиниот ангажман во битолскиот Народен театар останал запаметен по многу улоги. Била обитник на многу награди и признанија, а во 2010 година ја добила наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Таа е сопруга на глумецот Трајко Чоревски и мајка на глумците Благоја и Борис Чоревски. Починала во Битола на 7 јануари 2016 година.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Театрографија[2]

[уреди | уреди извор]
  • Саветка (Антица, 1950);
  • Мартирија (Домот на Бернарда Алба, 1958);
  • Лучила (Дубровнички ѓаволштилак - Пјерин, 1960);
  • Цонка (Чорбаџи Теодос, 1962); Ана (Покојник, 1964);
  • Велика (Бегалка, 1964); Даниела (Разбојници, 1967);
  • Евгенија (Окрвавен камен, 1968);
  • Стоја (Нечиста крв, 1971);
  • Тештата (Крвави свадби, 1971);
  • Меги Скат (Нашето бебе, 1972);
  • Велика (Бегалка, 1972);
  • Антоанета (Бубачки в глава, 1973);
  • Раиса Филиповна (Самоубиец, 1973);
  • Втора жена (Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, 1973);
  • Соја (Госпоѓа министерка, 1973);
  • Леди Фицбатрес (Младите се прекрасни, 1974);
  • Клеона (Андромаха, 1975); Ката (Млади синови, 1977);
  • Петрија (Чорбаџи Теодос, 1979);
  • Јованка (Лице в лице, 1979);
  • Стојна (Свадба, 1979);
  • Баба Трпана (Џинот фалбаџија, 1981);
  • Кнез (Трите волшебни кучиња, 1982);
  • Бабата (Пубертетлии и фосили, 1985);
  • Савка (Госпоѓа министерка, 1990);
  • Војводата Солин (Мајстори на забуни, 1994)

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм/
1973Смилевскиот конгрес ТВ-филм/
1975Прва вечер ТВ-филмНеда
1976Најдолгиот пат ТВ-филм
1979Курирот на Гоце ТВ-серија
1979Наши години ТВ-серија/
1981Булки крај шините ТВ-серија
1982Илинден ТВ-серија
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филм/
1990Трст виа Скопје ТВ-серијаБабата
1990-1991Опстанок ТВ-серијаБаба Стана
  1. Ратка Чоревска на мрежното место на ИМДб
  2. Личности, Македонски автори: Годишнини. Архивирано од изворникот на 2016-04-09. Посетено на 2016-01-23.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]