Прејди на содржината

Љупка Арсова-Џундева

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Љупка Џундева)
Љупка Арсова-Џундева
Роден Љупка Џундева
11 јули 1934
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 7 декември 2018(2018-12-07) (возр. 84)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање глумица

Љупка Арсова-Џундева (11 јули 1934 во Скопје[1]7 декември 2018 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.[2]

Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар, Џундева се вработила во 1951 година. Припаѓа на генерацијата глумци кои ја завршиле Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар, таа работела до пензионирањето во 1990 година, иако и по пензионирањето продолжилаа да биде активна во театарот.[3]

Добитник е на Наградата „13 Ноември“ која е доделувана од Град Скопје, потоа на Наградата за уметничко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Деството го поминала во близина на Градскиот парк во Скопје каде што и живеела. Основно образование има завршено во Скопје, во 1948 година се запишала на Државната средна театарска школа во Скопје. По завршувањето на Државната средна тетарска школа во 1951 година, Џундева веднаш била примена како уметник во Македонскиот народен театар. За разлика од поголемиот број нејзини колеги и колешки, таа му останала верна на својот театарски колектив каде работела сè до нејзиното пензионирање, односно 1990 година.

Подеднакво има настапувано во дела од домашна-македонска продукција и југословенска драматургија, во светска драмска класика и во сценски остварувања од најпознати современи автори. Била член на Театарскиот совет и на Уметничкиот совет при Драмата на МНТ. Играла во првиот македонски филм „Фросина“, во првата македонска комедија „Мирно лето“, во филмот „Македонска крвава свадба“ и во многу други театарски претстави, телевизиски драми, монодрами и радио-драми. Има отстварено голем број гостувања во поранешна Југославија, Италија, Словачка, Русија, Бугарија и други земји. Иако била во пензија од 1990 година, таа уште била активна на театарската сцена.

Ги има добиено наградите:

Има добиени и други помали награди и признанија.

Театарски улоги[уреди | уреди извор]

Џундева има настапувано како:

  • Анка („Г-ѓа министерка“);
  • Ана („Ревизор“);
  • Евдокија („Време за пеење“);
  • Ирина („Матурска вечер“);
  • Коломба („Валпоне“);
  • Кате („Антица“);
  • Наталија („Три сестри“);
  • Павлина („Потоп“);
  • Регана („Крал Лир“);
  • Свршеничката („Крвави свадби“);
  • Симка („Печалбари“);
  • и други

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1952 Фросина ТВ-филм Љуба
1961 Мирно лето ТВ-серија Мира Мишевска
1967 Македонска крвава свадба ТВ-филм Гина
1967 Пустина ТВ-филм
1968 Стотиот чекор ТВ-филм
1968 Лудиот и калуѓерицата ТВ-филм
1969 Свекник ТВ-филм
1969 Волшебниот воз ТВ-серија
1969 Итрата вдовица ТВ-филм
1970 Слики на дрво ТВ-филм
1970 Балада за орканата ТВ-филм
1971 Пречек ТВ-филм Марија
1971 Делба ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1975 Шути и рогати ТВ-серија
1977 Нели ти реков ТВ-филм
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1980 Двојка ТВ-филм
1981 Првите цутови ТВ-филм
1981 Милион маченици ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1984 Нели ти реков ТВ-филм
1986 Состојба пред инфаркт ТВ-филм
1988 Трето доба ТВ-серија Цвета
1992 Време, живот ТВ-филм Цвета
1997 Светлини и бои ТВ-филм
1997 Џипси меџик ТВ-филм Сметководителка
1999 Време живот ТВ-филм
2000 Мултилевел ТВ-филм Марта
2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Ката
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2002 Наше маало ТВ-серија Ана
2006 Мост ТВ-филм Катерина
2012 Бардо ТВ-филм Бабата
2015 Македонски народни приказни ТВ-серија Гатачката
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм
2016 Златна петорка ТВ-филм Ката
2017 Љубов и предавство ТВ-серија Ката

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Почина Љупка Арсова - Џундева
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1642. Text "series " ignored (help)
  3. „ФИЛМ НА СЕЌАВАЊА за играниот филм "Време, живот" на Иван Митевски“. Mac Cinema. Посетено на 2010-05-17.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]