Кирчо Божиновски
Изглед
| Кирчо Божиновски | ||
| Роден | 5 април 1931 Куманово, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
| Познат | по улогите во: Време без војна Црвениот коњ Среќна нова '49 Илинден | |
| Занимање | глумец | |
Кирчо Божиноски (р. 5 април 1931 , Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Кариера
[уреди | уреди извор]Кирчо својата кариера како глумец ја почнал во 1950 година во Македонски народен театар во Скопје, каде останува до 1960 година, кога преминува во Драмски театар - Скопје каде останал се до неговото пензионирање.
Театарски претстави
- Ученикот на ѓаволот од Џорџ Бернард Шо, режисер: Илија Милчин, Македонски народен театар 1952;
- Бесмртниот папагал од Таше Кочовски, режија: Предраг Дишљенковиќ, Драмски театар - Скопје 1960;
- Парите се отепувачка од Ристо Крле, режисер: Тодор Николовски, Драмски театар - Скопје 1961;
- Преживеалиците на баронот Минхаузен од Леонид Прашуевич, режисер: Предраг Дишљенковиќ, Драмски театар - Скопје 1961;
- Кралот на елените од Карло Гоци, режисер: Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1964;
- Џон Поплфокс од Душан Радовиќ, режисер; Сава Комненовиќ, Драмски театар - Скопје 1965;
- Сказна за царот и овчарот од Бошко Трифуновиќ, режисер: Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1965;
- Дупло Марое од Марин Држиќ, режисер: Крум Стојанов, Драмски театар - Скопје 1966;
- Злостирство и казна од Достоевски, режисер: Вукан Диневски, Драмски театар - Скопје 1966;
- Бегалка од Васил Иљоски, режисер: Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1968;
- Доживавуњата на храбриот шивач од Егон Гинтер, режисер: Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1968;
- Пантаглез од Мишел Де Гелдерод, режисер: Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1970;
- Млад трговец - Свадба од Васил Иљоски, режисер: Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1972;
- Мустаките на генералот Рококајко од Ристо Давчевски, режисер: Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1972;
- Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, режисер: Љупчо Тозија, Драмски театар - Скопје 1973;
- Нарачана комедија од Фадил Хаџиќ, режисер: Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1974;
- И бол и бес од Славко Јаневски, режисер: Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1975;
- Фјодор Андреевич - Ревизор од [[Гогољ, режисер: Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Балтазар - Ослободување на Скопје од Душан Јовановиќ, режисер: Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Доктор - Преспански круг со црвена креда од Миле Неделкоски, режисер: Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1983;
- Данец - Авантурите на Понг и Руси од Доди Спит, режисер: Душан Наумовски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Тетовирани души од Горан Стефановски, режисер: Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1985;
- Свадбар - Викенд на мртовци од Миле Попоски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Диме - Свадба од Васил Иљоски, режисер: Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Втир граѓанин - Смртта на Дантон од Георг Бихнер, режисер: Петер Вечек, Драмски театар - Скопје 1987;
- Капетанот - Медеја од Дане Зајц, режисер: Вито Тауфер, Драмски театар - Скопје 1989;
- Трговец - Самоубиец од Николај Ердман, режисер: Бранко Ставрев, Драмски театар - Скопје 1990.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Божиновски ги остварил следниве филмски улоги:
- 1967: Македонска крвава свадба
- 1969: Време без војна
- 1972: Истрел
- 1980: Учителот
- 1981: Црвениот коњ
- 1981: Двојка
- 1982: Илинден
- 1985: Тетовирани души
- 1986: Среќна нова '49
- 1988: Викенд на мртовци
- 1989: Еурека
- 1995: Ангели на отпад
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кирчо Божиновски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)