Драгомир Фелба
Драгомир Фелба (Скопје, 7 јули 1921 година - Белград, 13 јули 2006 година) бил српски и југословенски филмски, театарски и телевизиски глумец.
Животопис[уреди | уреди извор]
Студирал на Технички и на правен факултет, а подоцна и на Високата Белградска филмска школа, која ја завршил во 1950 година.
Дебитирал во Националниот театар во Крагуевац, но во 1952 година преминал во Југословенскиот драмски театар. Од 1956 година имал статус на хонорарен уметник.
Првата филмска улога ја играл во 1948 година во филмот „Софка“ и се прославил со улогата во филмот „Барба Жване“. За улогата во филмот „Козара“ бил награден со специјална диплома на филмскиот фестивал во Пула.
Сопругата на Драгомир, Соња извршила самоубиство во март 2000 година, додека нивната ќерка Ивана починала во декември истата година по долго и тешко боледување, по што тој целосно се повлекол од јавноста. Драгомир Фелба починал во 2006 година во Белград, и бил погребан во Алејата на Великаните на Новите гробишта во Белград.
Филмографија[уреди | уреди извор]
- ’Рбет
- Вишна на Ташмајдан
- Во расчекор
- Далеку е сонцето
- Зовриениот град
- Крвава бајка
- Мајорот Баук
- Македонска крвава свадба
- Момчето Мита
- Наивец
- Некоја друга жена
- Операцијата Тицијан
- Отпишаните
- Партизани
- Планината на гневот
- СБ го затвора кругот
- Сончогледи
- Сè што беше убаво (1976)
- Хајка (1977)
- Тигар (1978)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Драгомир Фелба на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)