Коле Ангеловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коле ангеловски.jpg
Роден 14 март 1943
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по режијата на:Викенд на мртовци
Занимање актер
режисер
сценарист
писател

Коле Ангеловски е македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.

Биографски податоци[уреди | уреди извор]

Коле Ангеловски е роден на 14 март 1943 година во Скопје. По средното образование, дипломирал актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Коле Ангеловски – Дади уште во раното детство – како ученик во основното, а подоцна и во средното образование покажувал интерес и талент кон уметноста, а посебно кон драмската уметност. Поши

Како актер, уште во првата улога во филмот “Саша”, Ангеловски го зацртил типот на јунак претпознатлив во речиси сите негови улоги – било да станува збор за теми од современиот живот – “Lito Vilovito” и “Да се дојде и да се остане” – или пак теми од блиската или подалечната историја – “До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот

Ангеловски е еден од преживеаните сведоци на големиот Скопски земјотрес на од 1963 година. Како актер првпат пред филмската камера застанал веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата актери, брат му Владимир Ангеловски, Мите Грозданов и повозрасните Стево Спасовски и други ја толкувале една од главните улоги во таа детска серија.

Добитник е на многу награди како актер, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на Највисоката Македонска награда во Културата “Наградата за животно дело 11. Октомври”. Оваа награда се доделува на културни и други работници од Македонија кои имаат постигнато врвни резултати во својата дејност. Од 1967 година работи во Драмскиот Театар во Скопје. Има напишано неколку драми, филмови и ТВ скрипти. Има режирано над 80 претстави, од кои повеќето се наградени на различни фестивали. Тој има играно над 20 театарски и 40 филмски улоги. Има преведено над триесет драми на Македонски. Ангеловски има над 500 часа разна телевизиска програма, главно улоги.

На филмската сцена, како актер, дебитирла уште како студент во 1962 година, во југословенскиот филм Саша на режисерот Раденко Остоиќ и ја добил дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата најдобар млад актер, за улогата во филмот “Да се дојде и да се остане” на режисерот Бранко Бауер.

Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец “Татко” (“Колнати сме Ирина” – 1973) ја добил престижната Награда “Кокањ Ракоњац” на филмскиот фестивал во Пула. Автор е и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по “Мирно лето” на Д.Османли, “Викенд на мртовци”, за којшто ја добива Наградата “Златна рипка” за режија, на Фестивалот на филмска комедија во Голубац, Република Србија. На истиот фестивал добива и Трета награда од публиката.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмската дејност на Коле Ангеловски е импозантна. Така, во 1966 година во филмот “До победата и по неа” игра споредна улога. Една година подоцна, во 1967, ја игра и главната улога во “Македонска крвава свадба”. Истата година тој е сценарист во филмот “Патека”. Во 1969 година игра споредна улога во филмот “Време без војна”. Во 1971 година игра главна улога во филмовите “Жед” и “Македонски дел од пеколот”. Во 1973 година тој е режисер и сценарист во филмот “Татко (Колнати сме, Ирина)”. Во 1979 година тој го режира филмот “Додека водата тивко шумоли”. Игра главни улоги во филмовите: “Оловна бригада” (1980), “Црвениот коњ” (1981), “Јужна патека” (1982), “Нели ти реков” (1984). Во 1988 година тој е режисер на филмот “Викенд на мртовци”.

Актер[уреди | уреди извор]

Коле Ангеловски како актер има играно во следните филмови:

  • 1962 - "Саша"
  • 1964 - "Попладне", "Lito Vilovito", "Народен пратеник"
  • 1965 - "Да се дојде и да се остане", "Светски човек", "Седма тура"
  • 1966 - "По Коњух планина", "Среќните умираат двапати", "Време на љубовта"
  • 1967 - "Тврдина на силеџиите"
  • 1969 - "Крос кантри"
  • 1970 - "Храненик"
  • 1971 - "Во гората расне зелен бор"
  • 1975 - "Го познавате ли Павле Плеша"
  • 1981 - "Брановиќ Страхиња"
  • 1987 - "Ајде да се сакаме"
  • 1988 - "Азра"
  • 1988- "Сулуде године"
  • 1989 - "Собирен Центар"
  • 1990 - "Станица на обични возови"
  • 1991 - "Вонземјаните се криви за се"
  • 1992 - "Дама која убива"

Режисер[уреди | уреди извор]

Коле Ангеловски како режисер ги има режирано следните филмови/серии:

  • 1973 - "Колнати сме, Ирина" (филм)
  • 1985 - "Солунски патрдии" (серија)
  • 1987 - "Училиште за кловнови" (серија)
  • 1988 - "Викенд на мртовци" (филм)
  • 1990 - "Викенд на мртовци" (серија)
  • 2003 - "Време за плачење" (ТВ)
  • 2003 - "Лото, лото" (серија)
  • 2009- " Ветар низ тополите "(серија)

Писател[уреди | уреди извор]

Коле Ангеловски ја има напишано следнава филмографија:

  • 1967 - "Путељак"
  • 1973 - "Колнати сме, Ирина" (филм)
  • 1987 - "Училиште за кловнови" (серија)
  • 2003 - "Време за плачење" (ТВ)
  • 2003 - "Лото, лото" (серија)


Надворешни врски[уреди | уреди извор]