Прејди на содржината

Зона Замфирова (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Зона Замфирова“
РежисерЗдравко Шотра
ПродуцентМирослав Митић
СценаристЗдравко Шотра
Главни улогиКатарина Радивојевиќ
Војин Четковиќ
Драган Николиќ
Милена Дравиќ
Никола Ѓуричко
Радмила Живковиќ
Жанркомедија
МузикаНенад Милосављевиќ
МонтажаПетар Путниковиќ
Премиера2002 година
Времетраење95 минута
ЗемјаСојузна Република Југославија СРЈ
Јазиксрпски
СледенВрати се Зоне
Здравко Шотра

Зона Замфирова е српски филм од 2002 година кој претставува љубовна приказна меѓу членовите на различни општествени слоеви, кујунџијата Мане (Војин Четковиќ) и богатата ќерка Зона (Катарина Радивојевиќ), сместена во амбиентот на Ниш од крајот на 19 век.[1]

Замислен многу амбициозно, филмот ги надмина сите очекувања во поглед на гледаноста и заработката, а според некои извори станал и најгледаниот српски филм на сите времиња.[2]

Филмот бил премиерно прикажан на 31 октомври 2002 година во Белград.[3]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Филмот ја следи судбината на хероината Зона, ќерка на чорбаџија која е вљубена во кујунџијата Мане. Кога тетка Дока ја бара раката на Зона за Мане, тој е одбиен и повреден до смрт. Тој се одмаздува и неговата одмазда директно влијае на угледот на Зона... Но, љубовта знае како да ги надмине сите препреки и двајца љубовници наоѓаат начини да се спојат...[1]

Глумец Улога
Катарина Радивојевиќ Зона Замфирова
Војин Четковиќ Мане
Милена Дравиќ Ташана, мајка на Зона
Драган Николиќ хаџи Замфир, татко на Зона
Радмила Живковиќ Дока, тетка на Мане
Ружица Сокиќ Таске
Светлана Бојковиќ Јевда, мајка на Мане
Никола Ѓуричко Перица
Слобода Миќаловиќ Васка, помошничка
Небојша Илиќ Манулач
Бранимир Брстина хаџи Јордан, татко на Манулач
Даница Максимовиќ Перса, сопруга на Јордан
Јелица Сретеновиќ тетка или стрина на Зона
Ана Франиќ Василија
Предраг Ејдус Францишек, трубач
Биља Крстиќ пејачката Ајша
Тихомир Станиќ Стеван Сремац
Бојана Бамбиќ Гена
Михајло Бата Паскаљиевиќ Фенерџија
Марија Вицковиќ Калина
Сања Крстовиќ Уранија
Александар Маринковиќ Пајица
Владимир Црвенковиќ Поте
Александар Михаиловиќ Коте
Јасминка Хоџиќ Николета
Младен Недељковиќ новинар
Драгана Илиќ Костадинка
Станислава Милосављевиќ Рушка
Ратомир Васиљевиќ Амет
Александар Лазаревиќ Кујунџија
Ангелина Тошиќ Параскева
Слободан Алексиќ Професор
Снежана Петровиќ Мада
Јана Милосављевиќ мала Зона
Љубиша Баровиќ Гмитраќ грнчар
Милан Наков
Зоран Живковиќ
Марија Поповиќ Доне
Тања Ранчиќ
Батица Андреевиќ
Славољуб Плавшиќ возач на кочија
Владимир Ковачевиќ
Зоран Николиќ
Емил Суческа Јован

За филмот

[уреди | уреди извор]

Зона Замфирова е најгледаниот српски филм од 2002 година, со 1.082.052 гледачи во српските кина.[4] Филмот е снимен во формат 16:9, а издаден е примерок од филмот 4:3, специјално за телевизија. Филмот има 5,1 Dolby Digital звук.

Филмот е снимен од 18 јуни до 22 јули 2002 година во Ниш, Пирот и Сокобања.

ДВД издание

[уреди | уреди извор]

ДВД изданието на филмот беше објавено на 1 октомври 2003 година. Содржи посебни додатоци, како што се: Избор на сцени, доживувања од снимањето, трејлер, интервјуа со режисерот и глумците, фотогалерија, репортажа од премиерата на филмот во Сава Центар и музички спотови.

  1. 1,0 1,1 „Зона Замфирова“. Филмски центар Србије. Архивирано од изворникот на 2022-02-18. Посетено на 30 јануари 2021.
  2. „VOJIN ĆETKOVIĆ je morao da uradi OVO da bi igrao u filmu ZONA ZAMFIROVA“. Filmitv. Посетено на 31 јануари 2021.
  3. „Најављена београдска премијера филма "Зона Замфирова" Здравка Шотре - Први нишки филм“. Глас јавности. Архивирано од изворникот на 2022-06-16. Посетено на 31 јануари 2021.
  4. Utrkivanje blokbasteraПредлошка:Ботовски наслов
  5. „Katarina Radivojević“. story.rs. Архивирано од изворникот на 22 јули 2014. Посетено на 21 февруари 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]