Драган Николиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Николиќ
Роден(а)20 август 1943(1943-08-20)
Белград, Србија
Починал(а)11 март 2016(2016-03-11) (возр. 72)
Занимањеактер
Активен период1964-2014
СопружникМилена Дравиќ (1972-2016)

Драгослав „Драган“ Николиќ (српски: Драган Николић; 20 август 1943 - 11 март 2016) — српски актер.

Драган Николиќ студирал во Белградската академија на драмски уметности. Во 1967 тој глумел во класичниот филм "Кад будем мртав и бео" („Кога ќе бидам мртов и бел“), кој претставувал почеток на неговата плодна кариера. Драган Николиќ од тогаш глумел во многу филмови од различни жанрови и различни карактери, станувајќи еден од најиконските и најпрепознатливи глумци во српската кинематографија.

Од сите негови улоги веројатно најпозната е улогата на „Прле“, борец за одбрана во Втората светска војна, кој го прикажал во култните ТВ серии од 1970-те, "Отписани" („Отпишани“) и "Повратак отписаних" („Враќање на отпишаните“).

Лично[уреди | уреди извор]

Неговата сопруга беше популарната српска глумица, Милена Дравиќ со која го организирал популарното ТВ шоу "Образ уз образ" („Образ до образ“).

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • Кога ќе бидам мртов и бел (1967)
  • Три часа за љубов (1968)
  • Хороскоп (1969)
  • Бубачки во главата (1970)
  • Млад и здрав како ружа (1971)
  • Последна станица (1971)
  • Улогата на моето семејство во светската револуција (1971)
  • Отпишани (1974)
  • ’Рбет (1975)
  • Женствен мост (1976)
  • Враќање на отпишаните (1976)
  • Момент (1978)
  • Национална класа (1979)
  • Кој пее таму (1980)
  • Соколот (1981)
  • Лов на матно (1981)
  • Некоја друга жена (1981)
  • Сезона на мир во Париз (1981)
  • Одиме понатаму (1982)
  • Нешто помеѓу (1983)
  • Балкан Експрес (1983)
  • Чудо невидено (1984)
  • Љубовна треска (1984)
  • Животот е убав (1985)
  • Мис (1986)
  • Ветувањето на земјата (1986)
  • Протестен албум (1986)
  • Скитник (1987)
  • Чавка (1988)
  • Миграции (1988)
  • Хепи Енд (1989)
  • Искушение на ѓаволот (1989)
  • Последниот круг во Монца (1989)
  • Местото за средба (1989)
  • Оригинал на фалсификатот (1991)
  • Тито и јас (1992)
  • Голема гужва (1992)
  • Три карти за Холивуд (1993)
  • Ќе биде подобро (1994)
  • Ни на небо ни на земја (1994)
  • Подземје (1995)
  • Унебесна трагедија (1995)
  • Кабарет Балкан (1998)
  • Бело одело (1998)
  • Ножот (1999)
  • Таа ја сака ѕвездата (2001)
  • Виртуелна стварност (2001)
  • Зона Замфирова (2002)
  • Ноќ со видео (2002)
  • Лавиринт (2002)
  • Грабеж на третиот рајх (2004)
  • Имам нешто важно да ти кажам (2005)
  • Ивкова слава (2005)
  • Ѕвезди на љувовта (2005)
  • Потрага за среќа (2005)
  • Шејтански воин (2006)
  • Црни Грујо и каменот на мудроста (2007)
  • С. О. С - Спасете ги нашите души (2007)
  • Промени ме (2007)
  • На убавиот син Дунав (2007)
  • Село гори, а баба се чешла (2007–2011)
  • Четврт човек (2008)
  • Патувањето (2008)
  • Свети Ѓорѓи го убива змејот (2009)
  • Село гори и така (2009)
  • Зона на мртвите (2009)
  • 72 дена (2010)
  • Јагодици (2012)
  • Монтевидео (2014)
  • Нешто убаво (2014)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]