Стеван Сремац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стеван Сремац (11 ноември 1855, Сента, Австро-Унгарија - 13 август 1908, Соко Бања, Србија) бил српски писател.

Стеван Сремац околу 1900 год.

Биографија[уреди | уреди извор]

Домот на С. Сремац во Сента.

Стеван Сремац се родил на 11 ноември 1855 година,во занаетчиско семејство во Сента, Војводина, која тогаш била во составот на Австро-Унгарија. Татко му се викал Аврам, а мајка му Катарина.[1] Во Сента го поминал раното детство, а дел и кај баба му по мајка во Пирот. Бидејќи останал без родители, вујко му Јован Ѓорѓевиќ, познат српски историчар и книжевник, го однел 1868 година во Белград на понатамошно школување. Тука завршил гимназија (1875) и се определил за студии по историја на Големото училиште(Велика школа) во Белград и за припадност кон Либералната партија. Својот работен век го поминал како професор во гимназиите во Ниш, Пирот и Белград. Како доброволец учествувал во војните во 1876 и 1877 — 1878 година. Сремац починал на 13 август 1908 година, во Соко Бања од сепса. Погребан е на Новите гробишта во Белград.

[2][1]
Стеван Сремац

Творештво[уреди | уреди извор]

Илустрација од првото издание на „Поп Ќиро и поп Спиро“ од 1894 год.

Стеван Сремац е еден од најистакнатите претставници на српскиот реализам. Негови најпознати дела се:[2]

  • Ивкова слава (расказ)
  • Зона Замфирова (расказ)
  • Поп Ќиро и Поп Спиро (роман).

Според неговите дела „Ивкова слава“ и „Зона Замфирова“ се снимени филмови и телевизиски серии, кои оствариле голем комерцијален успех.

Биста на С. Сремац пред Народниот театар во Ниш.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Времеплов“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 26.
  2. „Времеплов“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 26.