Светлана Бојковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светлана Бојковиќ
Светлана Бојковић
Роден(а)14 декември 1947 (1947-12-14) (71 г.)
Земун, ФНР Југославија
ЖивеалиштеБелград, Србија
НационалностСрбија
Занимањеглумица
Активен периодод 1967
Висина1,67 m
СопружникМилош Жутиќ (в. 2019)
Љубомир Муци Драшкиќ (в. 1985–2004)
Славко Круљевиќ (в. 2011)
ДецаКатарина Жутиќ

Светлана „Цеца“ Бојковиќ (српски: Светлана "Цеца" Бојковић), (Земун, 14 декември 1947) — српска глумица.

Биографија[уреди | уреди извор]

Светлана „Цеца“ Бојковќ дипломирала на на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1970 година. Како актерка реализирала бројни театарски, фимски и телевизиски улоги, од кои поистакнати и попознати се: „Кучето што ги сакаше возовите“ (1977), „Некоја друга жена“ (1981), „Ало такси“ (1983), „Подобар живот“ (ТВ серија) (1987—1991), „Смртта на госпоѓата министерка“ (ТВ) (1991), „Среќни луѓе“ (ТВ серија) (1993—1996), „Семејно богатство“ (ТВ серија) (1998—2001)[1]. Кариерата ја започнала во 1967 година, со филмот Еден ден мој Јамеле, а десет години потоа, го реализирала својот најголем успех во филмот, играјќи ја улогата на Мика во социјалната драма Кучето што ги сакаше возовите[2] Во деведесеттите години на минатиот век, Светлана, станува најголема домашна телевизиска ѕвезда благодарејќи на улогите во исклучително популарните ТВ серии особено ма оние создадени од Синише Павиќ: најпрво како Емилија Попадиќ во Подобар живот, потоа како сестра Антонија во Среќни луѓе, и на крајот како Валерија Гавриловиќ во Семејното богатство[3]. Улогата на главната медицинска сестра - Антонија, се смета за ремек-дело на домашното актерство. Има три бракови, првиот со Милош Жутиќ за кого се омажила во 1968 година, а нивната ќерка Катарина Жутиќ е исто така глумица. Додека третиот нејзин маж - Славко Кралевиќ, бил амбасадор во Финска, а тоа било причина таа извесно време да ја прекине својата актерска кариера, живеејќи во Хелсинки[4]. Светлана во 1978 година ја добила Златната арена на Филмскиот фестивал во Пула, за улогата во филмот Кучето што ги сакаше возовите, а во 2003 станала првата добитничка на наградата Жанко Стокиќ.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда „Големата Жанка“ (2003)
  • Награда за животно дело „Добричиниот прстен“ (2005)
  • Златна арена на Фестивалот во Пула за улогата во филмот „Кучето што ги сакаше возовите“,
  • Две награди „Ќурка“ на Деновите на комедијата во Јагодина за улогата на Јованка во претставата „Отворено море“ (1978) и улогата на Белиза во претставата „Учените жени“ (1991),
  • Добитник е на Октомвриската награда на градот Белград, Награда „Јоаким Вујиќ“ за придонес во театарската култура,
  • Наградата „Бранислав Нушиќ“ за животно дело во областа на комедијата,
  • Златна Ќурка (2014)
  • Наградата „Зорановиот мустак“ за улогата на Драгица во претставата „Мојата ти” во изведба на Ателје 212 (2017)
  • Наградата Златен јавор за исклучителен придонес во евромедитеранскиот филм, на Фестивалот на медитеранско-европскиот филма во Требиње (2018)
  • Стеријина награда за особени заслуги во развојот и унапредувањето на театарската уметност и култура(2019)[5].

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм
Година Наслов Улога Забелешки
1967 Еден ден мој Јемеле (ТВ)
1968 Првокласен хаос (Мини серија)
1968 Под стаклено ѕвоно (ТВ)
1968 Мразно лето (ТВ)
1968 Дојденци (ТВ)
1969 Потоп (ТВ)
1969 Величествениот рогоносец Стела (ТВ)
1968 Три серенади (ТВ)
1969 Преку мртвите Олга (ТВ)
1969 Обична приказна (ТВ)
1969 Крчма на главниот пат (ТВ)
1969 Еден ден љубов Драгиња, министровата ќерка (Краток филм)
1970 Протекција (ТВ)
1970 Омер и Мерима Мерима
1970 Роднини Ана
1971 Вежби по гаѓање Вероника
1971 Чедомир Илиќ Вишња Лазаревиќ
1971 Каде одат дивите свињи Вера
1972 Село без селани
1972 Сами, без ангели
1972 Аферата на невината Анабела Анабела
1972 Амфитрион 38 (ТВ)
1972 Чучук Стана Чучук Стана
1972 Изданоци од запалената грмушка Ќерката
1973 Несреќа Милена Брун
1973 Последен
1973 Хотел за птици
1973 Големиот пронаоѓач (ТВ серија)
1973 Нашите приредби Стела Будичин (ТВ серија)
1973 Лице в лице Цеца
1973 Театар в куќа 2 Беба
1974 Мистер Долар Ела, ќерката на претседателот
1974 Заклетва
1974 Брак, прва тетратка
1974 Димитрие Туцовиќ Добрислава Ѓорѓевиќ (ТВ серија)
1974 Лепезата на леди Виндемир| Госпоѓата Виндермер (ТВ)
1975 Отпишаните Оливера (ТВ)
1975 Драги, биди ми непознат
1976 Несреќата на архангелот
1976 Изгубената среќа Деса
1976 Чест ми е да ве повикам| Цеца
1977 Кучето што ги сакаше возовите Мика
1977 Еден ден
1977 Жена на каменот
1977 Никола Тесла Кетрин Џонсон
1978 Мисла
1978 Седум плус седум Цеца (ТВ серија)
1978 Отворено море Јованка, сопругата
1978 Игра на двајца
1978 Враќањето на отпишаните Стана
1980 Белградска разгледница 1920
1980 Летување на југ
1980 Театарска врска Лела
1980 Сонце
1981 Црвената кралица Магда Михајловиќ
1981 Некоја друга жена Даница
1978 Светозар Марковиќ
1982 Три сестри
1983 Самрак (филм од 1983)
1983 Последните копилиња и првите петли Душица
1983 Ало такси
1985 X+Y=0 госпоѓата Y
1985 Приказни од фабриката Свјетлана Пашиќ
1986 Фрка (ТВ серија)
1986 Несериозниот Бранислав Нушиќ бранителот
1987-1988 Подобар живот Емилија Попадиќ (ТВ серија)
1989 Подобар живот Емилија Попадиќ (Филм)
1990 Гала корисница: Ателје 212 низ вековите
1990 Болницата во Ваљево Надежда Петровиќ
1990 Љубовта е леб со девет корки
1991 Смртта на госпоѓата Министерка Живана Жанка Стокиќ
1991 Конак


1990-1991 Подобар живот 2 Емилија Попадиќ (ТВ серија)
1992 Полицаецот од Петловото Брдо (филм) Радмила (филм)
1993 Полицаецот од Петловото Брдо (ТВ серија од 1993) Радмила (ТВ серија)
1993-1994 Среќни луѓе Антонија Милорадовиќ
1994 Вуковар, една приказна Вилма
1994 Полицаецот од Петловото Брдо (ТВ серија из 1994) Радмила (ТВ серија)
1996 Леле, Кармела Кармела (ТВ серија)
1996 Филомена Мартурано Филомена Мартурано
1996 Среќни луѓе 2 Антонија Милорадовиќ (ТВ серија)
1995-1996 Птиците кои не полетуваат
1998 Кај лудите птици Гостин
1998 Буре барут Наталија
1998 Лагум Милица Павловиќ
1998-2001 Семејно богатство Валерија Гавриловиќ
1999 Пропатување
2001 Биди фин
2001-2002 Семејно богатство 2 Валерија Гавриловиќ
2002 Зона Замфирова Јевда
2003-2009 Мансарда Крунослава Хаџиантиќ „Круна“
2003 Мешовити брак Анѓелија Станивук (серија)
2006 Шејтановиот воин Латинка
2006-2007 Белата лаѓа Јасмина Пантелиќ
2007 Театар в куќа Ана Шумовиќ
2008 Белата лаѓа 2 Јасмина Пантелиќ
2008 Горчливи плодови Ружа
2007-2015 Улицата на липите Дуда
2010 Она како љубов Светлана
2010 Луд, збунет, нормален Лаура
2010 Некои други приказни Мајка
2011 Селото гори, а баба се чешлаа (ТВ серија) Докторката Боба
2011 Малиот љубовен бог Марија
2015-2016 Синѓелиќи Лидија
2015 Една летна ноќ Болничарката
2017 Ни крива ни невина:Жанка Стокиќ Жанка Стокиќ
2017 Мамини синови Розалија Роса Поповиќ

Театарски улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Svetlana Bojkovic на IMDb logo.svg Семрежната филмска база на податоци (англиски)