Каде одат дивите свињи
Изглед
„Каде одат дивите свињи“ (хрватски: Kuda idu divlje svinje) — хрватска телевизиска серија (во десет епизоди) од 1971 година. Режисер на серијата е Иван Хетрих (Ivan Hetrich), автор на сценариото е Иво Штивичиќ, снимател е Миливој Вижинтин, а сценографијата е дело на Душко Јеричевиќ. Серијата постигнала голем успех кај публиката, а подоцна останала забележана за едно од најголемите достигнувања на хрватската телевизиска продукција.[1]
Улоги
[уреди | уреди извор]Главните улоги во серијаат ги играат:[2]
- Љубиша Самарџиќ (Црни Рок)
- Младен Црнобрња (Плик)
- Гордан Пичуљан (Шарац)
- Фабијан Шоваговиќ (Миле Врбица)
- Иво Сердар (Шојка)
- Јован Личина (Верига)
- Изет Хајдархоџиќ (Папагини)
- Миодраг Лончар (Лујо)
- Светлана Бојковиќ (Вера)
- Илија Џувалековски (Професорот)
- Весна Малохоџиќ (Јелена)
- Сабрија Бисер (Мољац)
- Адам Чејван (Чапља)